ПРИВАТНОСТ И САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ

03.02.2021

Испреплетување на приватноста и безбедноста во
дигиталниот свет се теми кои се секогаш актуелни во
круговите на медиумите, активистите, граѓанските
организации, и институциите. Преку овој сет на обуки,
Фондацијата Метаморфозис се фокусира и на особено
ранливите категории во дигиталната сфера – децата,
учениците, тинејџерите, од кои, 99% секојдневно
го користат интернетот. Покрај овие целни групи,
граѓанските организации, активистите и новинарите
често се изложени на безбедносни ризици и потребата
од посигурна комуникација и размена на податоци е од
суштинско значење за нив.