Претседателот на Владата на Република Македонија, Владо Бучковски, вчера во Прага учествуваше на Форумот на лидерите на влади организиран од „Мајкрософт“

        Претседателот на Владата на Република Македонија, Владо Бучковски, вчера во Прага учествуваше на Форумот на лидерите на влади организиран од „Мајкрософт“, каде што имаше средби со премиерите на Чешка и на Хрватска, Станислав Грос и Иво Санадер, со потпретседателот на „Мајкрософт“ Жан Филип Куртуа и со еврокомесарот Вивиен Рединг.

        На средбата на премиерот со еврокомесарот Визиен Рединг беше изнесена информација за подготовките на Република Македонија за членство во Европската Унија, како и за активностите и стандардите што се преземаат во делот на информатиката, образованието, науката и медиумите. Со потпретседателот на „Мајкрософт“, Жан Филип Куртуа, беше разговарано за потесната соработка врз основа на Договорот за стратегиско партнерство. Премиерот Бучковски побара со забрзано темпо да се работи на развој на е-владините услуги во рамките на проектот „Е-влада“.