Кралскиот институт за технологија од Шведска ја доделува наградата “Стокхолм челинџ” за иновациски проекти и програми кои применуваат ИКТ во решавањето на социјалните и економските проблеми.
Во програмата “Стокхолм челинџ 2008” има шест категории на награди за ИКТ применета во развојни проекти и учесниците имаат шанса да добијат престижни признанија. Програмата во која се вклучени работилници, конференција, општествени собири и студиски посети, ќе ги собере на едно место најинспиративните претприемачи од областа на ИКТ, истражувачи и студенти од целиот свет кои ќе можат да ги споделат своите знаења и искуства.

Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи во зградата на градското собрание за време на неделата на Стокхолм челинџ од 18 до 22 Мај, 2008.
Учесниците ќе ги претстават своите методи и достигнувања пред комисијата на Стокхолм челинџ, пред светот, како и меѓусебно преку онлајн-трибината на Стокхолм челинџ. Апликации за наградата може да се испраќаат до 31 декември 2007. Регистрирајте се доколку сакате да учествувате на настанот.