Метаморфозис е фондација чија основна цел е подобрување на условите за живот и промовирање на позитивни општествени промени преку примена на информатички и телекомуникациски технологии (ИКТ).
Основниот принцип на делување на Метаморфозис е преку експертски анализи на општествените проблеми, поттикнување на јавна дебата и промовирање на успешни решенија врз основа на светските и европските искуства и практики, првенствено во законодавството и макрополитиката.
Метаморфозис делува преку следните типови на активности:
- Застапување/лобирање
- Образование/подигање на јавната свест
- Директна примена на технологијата за обезбедување решенија
![]()
Промовирање на употреба на дигитални комуникации
- Образование/обука
- Маркетинг
- Создавање на содржини
- Право на пристап/права на потрошувачите
Законодавство/макрополитика
- Промоција на позитивни трендови (национална стратегија)
- Легислатива (Домашна; Европска; Глобална)
- Застапување и лобирање
- Следење и коментирање на настани
Човекови права
- Слобода на говор
- Приватност/заштита на податоци
- Право на информации
- Изградба на капацитети на граѓански сектор
Стопански прашања
- Интелектуална сопственост
- Де-монополизација
- Технолошки прашања
- Инфраструктура
- Стандарди
- Трендови



