Во текот на конференцијата организирана на 16 септември, 2010 г. од страна на Лисабонскиот совет на тема „Ослободување на единствениот дигитален пазар“, Вивиен Рединг, заменик-претседателот на Европската комисија и Комесар за правда, основни права и државјанство, меѓу другото, најави дека ќе даде предлог за идна ревизија на сегашната Директива за заштита на податоците.
Во својот говор, г-а Рединг остана на своите ставови искажани во октомври 2009г. дека на Европа и е потребен Единствен дигитален пазар од којшто би имале полза и потрошувачите и компаниите и вети дека ќе ја користи политиката за правда на ЕУ за да го зајакне пазарот. Комесарот идентификуваше две главни алатки кои можат да помогнат во решавање на проблемите на дигиталната економија: Директивата за правата на потрошувачите и Директивата за заштита на податоците.
Силното законодавство за заштита на податоците ќе биде исто така важен елемент за зајакнувањето на довербата на компаниите и потрошувачите „за да осигури дека потрошувачите сурфаат и купуваат на интернет без да се грижат за безбедноста на нивните лични податоци.” Затоа, комесарот најави дека Комисијата ќе презентира резиме од ревизијата на тековната Директива за заштита на податоците во октомври 2010 година со цел да се „зајакнат правата на поединците“ и да се прошири димензијата за заштита на податоци кај Внатрешниот пазар“.
Ревизијата ќе опфати построга примена на транспарентност за „целосни, лесно пристапни и лесно разбирливи информации околу тоа како се обработуваат личните податоци“. Собирањето на лични податоци треба да има легитимна цел и да се собираат само оние податоци кои се потребни. „Податоците треба да се собираат и обработуваат само доколку лицето на кое се однесуваат е информирано и дало одобрување“.
Една од мерките што Комисијата ги предвидува е зголемување на одговорноста за податоците на контролорите на податоци за да може да се воспостават „ефективни механизми за да се обезбеди усогласеност со правилата за заштита на податоци“.
Рединг исто така повторно ја изнесе идејата дека интернетот е глобална алатка, податоците пренесени преку неа треба да бидат заштитени и изрази намера за подобрување на тековните процедури за меѓународни трансфери на податоци.
Со цел да ги поттикне новите технологии во средина во која потрошувачите ги знаат своите права, беа предложувани различни решенија како што се „приватност во самиот дизајн“. „Усогласеноста со заштитата на податоците треба да биде присутна низ целиот животен циклус на технологиите и процедурите“.
Исто така, Дигиталниот единствен пазар треба да биде средина во која ќе нема компјутерски криминал. За таа цел, Комисијата ќе предложи санкции за лицата одговорни за компјутерски напади.
EDRi-gram: Reding: EU policy for information society for the next years (7.10.2010)