Програми
e-Законодавство: Тематска мрежа КОМУНИЈА
Тематската мрежа КОМУНИЈА има цел да стане европска референтна точка за теоретска анализа и дискусија за стратешки политики околу постојните и новите прашања во врска со јавниот домен во дигиталната околина – како и сродни теми, вклучително, но не и ограничено на, алтернативни форми на лиценцирање за креативен материјал; отворен пристап до научни публикации и истражувачки резултати; управување со дела чии автори се непознати (т.е. дела-сирачиња). Финансиран од страна на Европската комисија во рамките на eContentplus, 3-годишниот проект се очекува да обезбеди насоки за политики кои ќе им помогнат на сите вклучени заинтересирани страни – јавни и приватни, од локално, до европско и глобално ниво. Фондацијата Метаморфозис е основачки член на Тематската мрежа КОМУНИЈА, којашто се состои од 51 членови од Европа и пошироко (вклучувајќи ги и САД и Бразил). КОМУНИЈА ја координира Истражувачкиот центар за интернет и општество – NEXA во рамките на Политехничкиот институт од Торино. Своите активности ги започна на 1 септември, 2007 година, а ќе ги заврши на 28 февруари, 2011 година.Назад кон е-Законодавство