Програми
е-Инклузивност: Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет
Проектот CRISP има за цел да ги заштити правата на децата на интернет и да овозможи сигурен и безбеден пристап до интернет, заштита на нивната приватност и приватноста и безбедноста на нивните семејства. Мрежа од 12 НВОи распоредени на различни географски локации работат на подигнување на свеста и изградба на капацитетот во основните и средните училишта во Република Македонија. Се одржуваат предавања и обуки за децата, родителите, наставниците и јавноста врз основа на специјално подготвени едукативни ресурси на македонски и албански јазик. Веб-сајт на проектот: Англиски: www.crisp.org.mk (Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет) Македонски: www.bezbednonainternet.org.mk Албански: www.internetisigurt.org.mk (безбедно на интернет) Вид на иницијатива: Проект или услуга Промоција/кампања за подигнување на свеста Опис на проектот Домен Е-Инклузивност Тема ИКТ и маргинализирана младина,, ИКТ и развој на заедницата, Дигитална писменост и способности, Географска е-инклузивност Сектор Криминал, Правда и Право, Образование, Наука и истражување, Локален/Регионален развој на заедницата Датум на започнување – Датум на завршување Октомври 2007 – Ноември 2008 Оперативен од Октомври 2007 Целна група или корисници Млади лица подложни на маргинализација, семејства и деца, етнички заедници Целна група Деца – ученици од основно и средно училиште од различни региони на Република Македонија со настава на македонски и албански јазик; Родители или старатели од кои повеќето имаат ниска свест за позитивните и негативните страни на интернетот; Наставници – кои во најголем дел имаат малку познавање за тоа како функционира интернетот. Тие