Македонија: Расте бројот на е-продавници со политики за приватност
јули 15, 2011
Периодичниот мониторинг на присутност на политики за приватност кај е-продавниците спроведен од тимот на Метаморфозис укажува на растечки тренд. Со порастот на бројот на е-продавници, расте и процентот на политики на приватност во овој сектор. Во јули 2011 година, 77% од активните е-продавници имаат објавено политики за приватност.

