Француски суд смета дека YouTube не треба да одговара за содржините
јуни 8, 2012
На 29 мај 2012 година, во случајот изведен пред суд од страна на TF1 против Google, а во врска со неговиот сервис YouTube, Високиот суд на Париз пресуди дека YouTube е само сервис за хостирање и затоа не е обврзан да ја контролира содржината што ја објавуваат неговите корисници.

