Програми
Иницијатива за отворени образовни ресурси
Општата цел на проектот е да се придонесе кон развојот на критичко размислување и демократизација во Македонија преку конструктивна употреба на нови технологии како алатки за зголемување на количеството и квалитетот на образовни, научни и академски е-содржини. Поконкретно, проектот има специфична цел да влијае на подигање на свеста и капацитетот на академската јавност за создавање и користење на отворени образовни ресурси. Активности: Формирање на координативна група на ООР во Македонија. Во неа, ќе бидат вклучени важни чинители во областа, како претставници на универзитети и средни училишта, релевантни државни институции и библиотеки, кои ќе придонесуваат во промоцијата на ООР. Прирачник за ООР кој ќе се печати во 1.000 примероци (500 на македонски и 500 на албански), а чија содржина ќе биде фокусирана на објаснување на концептот на ООР, истакнување на придобивките, начините за негова примена, со акцент на веб-сајтот како клучно место за споделување и користење на споделените ресурси. Прирачникот ќе биде достапен и во електронска верзија под Криејтив комонс лиценца, а печатеното издание ќе се дистрибуира на конференцијата, на работилниците, како и при секоја директна средба со клучните чинители во областа. Промотивни материјали (1.000 постери, 1.000 летоци и 1 вирално видео) кои имаат цел да го промовираат концептот на ООР, активностите во проектот, веб-сајтот и да ја подигнуваат свеста за придобивките од неговото користење од страна на што поголем број луѓе. Дополнително, промотивните активности редовно ќе се одвиваат преку социјалните мрежи. Веб-сајт за