Авторски текстови
Македонија: Традиционални медиуми ги демонизираат гејмерите
Ова не е прв изблик на технофобија во македонската јавност, оти разни традиционални медиуми и во минатото ги имаат претставувано компјутерџиите како закана. На пр. кога во 2002 година се јави проблем со преголеми телефонски сметки, насловите како „Граѓаните горат од жешките разговори на компјутерџиите“ вината целосно ја префрлаа на генерализирани хакери, додека можноста за пропусти од страна на телекомот беше „закопана“ длабоко во текстот. Најновиот технофобен тренд се состои од написи кои имаат скоро иста структура. Во нив прво е изложена тезата дека гејмерството го одзема времето на младите, ги прави асоцијални и агресивни, која потоа е поткрепена со изјави од анонимни гејмери, сопственици на интернет кафеа, како и на социолози или психолози кои ја потврдуваат тезата иако на тоа што немаат вршено истражувања на темата. Особено загрижувачки е употребата на стигматизирачка терминологија карактеристична за демонизирани, маргинализирани групи. На пример, во написот „Оставаат девојки и работа за да играат“ играњето се посочува како „зависност“ која доведува до „напуштени работни места, квадрирање и запоставени студии и раскинати љубовни врски“. Најалармантната теза е дека „насилните игри предизвикуваат агресија“, а гејмерите се претставуваат скоро како потенцијални убијци кои само што не „пукнале“. Сличната вест „Интернет кафулињата се преполни со гејмери“ предизвика повеќе реакции на македонскиот веб, особено на Кајмак.от. Во веста се цитира социолог кој изгледа заборавил дека децата и кога немало компјутерски игри имаат обичај да играат „каубојци и индијанци“, „камај“ или „партизани и