Tag: цензура | 47 results

Македонија: Конференција за слобода и приватност на интернет

мај 8, 2012

На 21 и 22 мај, фондацијата Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен организираат меѓународна конференција на тема Слобода и приватност на интернет. Настанот е дел од долгогодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, поддржана од мрежата Франција-Балкан, а ќе се одржи во салата City Hall во Скопје.

Комуникациите преку интернет интензивно следени од германските разузнавачки служби

март 9, 2012

Врз основа на два извештаи на Германската парламентарна комисија за контрола (PKG), во 2009 и 2010 година Државниот завод за уставна заштита, Државната разузнавачка служба и Воената служба за контра-разузнавање следеле импресивен број е-пораки и други видови комуникации преку интернет.

Твитер цензурира профили кои го критикуваат Саркози

март 1, 2012

Од 16 до 18 февруари, 2012 година, во изненадувачки и прв опасен преседан во Франција, друштвената мрежа Твитер суспендираше четири сметки на корисници кои објавуваа изјави со исмејување на францускиот претседател Никола Саркози.

Твитер ќе применува геолокациска цензура

февруари 3, 2012

На 21 јануари 2012 г., на својот официјален блог, Твитер а соопшти својата намера да воведе геолокациска цензура, што значи дека одредени твитови ќе бидат цензурирани во некои земји врз основа на различни критериуми согласно правната рамка на соодветните земји.

Укинат германскиот закон за блокирање на интернет

декември 20, 2011

По повеќе од две години дискусии и спротивставување, на 1 декември 2011 година, германскиот парламент конечно донесе одлука да се откаже од Актот за спречување пристап, односно законот со кој се предложува блокирање на пристап до веб-сајтовите за кои се смета дека содржат детска порнографија.

Турција започна со шемата за филтрирање на интернет

декември 2, 2011

Турската агенција за информатички технологии и комуникации (BTK) започна со шемата за безбедност на интернет на 22 ноември, 2011 г., како што беше планирано, но на доброволна основа и по жестоките критики и спротивставувања на првобитните планови за воведување на задолжителен систем за филтрирање.

„Виртуелна шенгенска граница“ или „Голем огнен ѕид на Европа“

мај 9, 2011

За време на состанокот одржан во февруари 2011г. на Работничката партија за спроведување на законот во рамки на Советот на Европската унија - форумот за соработка околу прашања како што се борбата против тероризмот, царина и измама, беше даден вознемирувачки предлог да се создаде „Голем огнен ѕид на Европа“ со блокирање на „недозволени“ интернет материјали на границите на блокот со намера „да се предложат конкретни мерки за создавање на единствен безбеден Европски сајбер-простор“.

Со новиот закон за медиуми во Унгарија се дозволува цензура на интернетот

јануари 17, 2011

Нов унгарски закон за медиуми стапи на сила на 1 јануари 2011 година, со кој на власта ѝ се дава можност за контрола на интернетот, загрозувајќи ја слободата на говорот и новинарството.

Бришењето на нелегални сајтови е поефикасно од нивното блокирање

септември 14, 2010

Асоцијацијата на германската интернет економија Eco, на прес-конференцијата одржана во Берлин на 1 септември, 2010 г. ја претстави состојбата со борбата против детската порнографија, донесувајќи заклучок дека бришењето на нелегалните веб-сајтови во 98% од случаите било поефикасно од нивното блокирање.

САД: Со ограничувањата на интернетот се ограничуваат и човековите права

март 12, 2010

Многу влади го користат интернетот за ограничување на слободата на изразување во нивните земји, вели американскиот Стејт департмент во својот најнов годишен извештај за човековите права.

Германскиот претседател потпиша Закон за интернет со кој неговата влада не се согласува

март 3, 2010

И покрај фактот што германската влада одлучи да не го применува Законот за цензурирање на интернет (Zugangserschwerungsgesetz) предложен од страна на претходната влада во април 2009 година, германскиот претседател Хорст Келер на 17 февруари, 2010 г. го потпиша новиот закон.

The Pirate Bay повторно цензуриран во Италија

февруари 16, 2010

Откако италијанскиот Апелационен суд ја поништи уважената жалба на The Pirate Bay (TPB) против одлуката на италијанскиот суд од август, 2008 г. со која се нареди The Pirate Bay да прекине со работа во Италија, истиот уште еднаш беше цензуриран во Италија.

Google може да се повлече од Кина поради цензура

јануари 13, 2010

Интернет гигантот Google Inc. изнесе шокантна закана дека ќе се повлече од Кина, најголемиот светски интернет пазар според бројот на корисници, откако хакери пристапија до е-поштите на активисти за човекови права.

Страна 2 од 3