Ивона Кекеновска

Ивона Кекеновска

Раководител на проект

Ивона има долгогодишно искуство во граѓанскиот сектор особено во областа на јавното здравство, правното зајакнување, пристапот до правда за маргинализирани заедници и партнерството за отворена власт. Од 2023 година работи во Фондацијата Метаморфозис за интернет и општество како раководител на проект, каде што координира и реализира проекти, вклучувајќи иницијативи насочени кон борба против дезинформации.

Во текот на својата кариера,  Ивона координирала бројни проекти и грантови финансирани од различни донатори, поддржувала процеси на креирање политики и застапување, и тесно соработувала со државни институции, граѓански организации и донатори.

Ивона е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со положен правосуден испит, дополнет со специјализирана обука за бизнис анализа.