Има дипломирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со звање магистер на правни науки се стекна на истиот факултет. Во Семос едукација ја заврши HR Академијата акредитирана од МОН.
Од 2000 година е активна во граѓанското општество. Стекнува искуство како програмски специјалист преку развивање програмски стратегии, планирање и спроведување на проектни активности во различни области кои го унапредуваат владеењето на правото и доброто управување, со фокус на антикорупција, транспарентност и отчетност, слобода на изразување, заштита на човековите права, граѓански мониторинг и надзор. Има искуство во застапувања пред креаторите на јавни политики за приближување на македонското законодавство со правото на ЕУ. Во 2004 година беше член на работната група за креирање политика за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во 2011г. учествуваше во иницијативата на граѓанското општество за пристапување на земјата во Партнерството за отворена власт. Исто така, во 2018г. беше член на работната група за креирање нова законска рамка за спречување корупција и судир на интереси, како и дел од експертскиот тим кој ја развиваше Стратегијата за транспарентност на Владата во 2019 и 2023г.
Од 2023 се приклучува во тимот на Фондацијата Метаморфозис со задолженија да учествува во стратешкото планирање, планирање и координирање проекти, истражувања и анализи, како и координација и соработка со вработените.
Дипломиран економист на департманот финансиски менаџмент на Економскиот Фактултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Нејзините професионални интереси се во сферата на управувањето со финансиите и ревизијата. Нејзиното работното искуство е во областа на управувањето со јавните финансии, сметководството, мониторинг на ИПА проекти, како и во активности за имплементација на ИСО стандарди.
Во тимот на Фондација Метаморфозис се вклучува во јули 2017 година како грантов координатор, а потоа и финансиски менаџер од април 2018 година. Од јануари 2019 година ја извршува функцијата директор за финансии и администрација. Нејзините одоговорности во Фондацијата Метаморфозис вклучуваат финансиско предвидување, планирање, буџетирање и контрола.
Бардил Јашари е директор на фондацијата Метаморфозис (Македонија). Неговите професионални интереси главно се во сферата на новите технологии, медиумите, граѓанскиот активизам, е-владата и учеството. Претходно има работено како координатор на Програмата за информации на Фондацијата Отворено општество – Македонија. На овие две позиции тој има раководено со проекти на национално и меѓународно ниво, во тесна соработка со други меѓународни организации, владини органи, бизнис и граѓанскиот сектор.
Тој е член на Националниот совет за информатичко општество на Македонија и е национален експерт за Македонија на наградата на светскиот самит на ОН. Во минатото тој членувал во работната група за националната стратегија за развој на информатичкото општество и служел како комесар во Агенцијата за електронски комуникации (26.04.2005 – 06.10.2010).
Бардил има магистрирано на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот Париз 12 (Франција). Дипл. инженер по информатика – насока информатички системи на Универзитетот во Загреб, Факултет за организација и информатика – Вараждин (Хрватска).
Има дипломирано информатика на Универзитетот Грејсленд од САД и магистрирано е-бизнис менаџмент на Универзитетот Париз 1 – Пантеон Сорбона од Франција.
Од 1995 година е активен во македонското граѓанско општество преку волонтерски проекти за заштита на потрошувачите и за е-издаваштво, како и преку професионални ангажмани во својство на експерт за ИТ. Пишува на теми поврзани со информатичко општество за медиумите во Македонија.
Во рамките на Фондацијата Метаморфозис неговите задолженија опфаќаат координирање проекти, истражувања и анализи, како и односи со јавноста. Во 2005 година беше член на Работната група одговорна за Националната стратегија за развој на информатичко општество на РМ.