TechSoup, преку својата програма за дигитален активизам, објави четири сеопфатни извештаи за регионално мапирање кои ги осветлуваат критичките предизвици и итните потреби на граѓанските организации низ Европа.
Развиени со заеднички напори преку мрежата на партнери на TechSoup низ Централна и Источна Европа, овие извештаи обезбедуваат детален преглед на итните прашања со кои се соочуваат граѓанските организации во Западен Балкан, регионите на Црното Море, Балтикот и Вишеград.
Извештаите откриваат значајни наоди, меѓу кои:
- Западен Балкан: граѓанските организации работат во услови на политичка нестабилност, етнички тензии и раст на дезинформации, сето тоа интензивирано со тековната војна во Украина.
- Регионот на Црното море: корупцијата, политиката нестабилност и растот на дезинформациите со примарен извор од Русија ги поткопуваат демократските вредности и ги таргетираат ранливите групи, особено украинските бегалци.
- Балтички регион: финансиските ограничувања и постојаните закани од дезинформации ја тестираат издржливоста на граѓанските организации во Летонија, Естонија и Литванија, нагласувајќи ја потребата за посилна регионална соработка и дигитална писменост.
- Вишеградски регион: граѓанските организации во Унгарија и Словачка се соочуваат со силни политички притисоци и финансиска нестабилност надополнети со проруски дезинформации, додека граѓанските организации во Полска и Чешка се соочуваат со намалено меѓународно финансирање.
Извештаите се создадени како дел од Програмата за дигитален активизам на TechSoup и ја нагласуваат суштинската улога на граѓанското општество во одбраната на демократијата и социјалната кохезија низ Европа, особено во регионите под значителен политички и економски притисок. Наодите, исто така, ја нагласуваат потребата од зголемена финансиска поддршка, стратешка комуникација и меѓународна соработка за зајакнување на отпорноста на граѓанските организации.
„Нашите извештаи за регионално мапирање нудат витална слика на дезинформацискиот пејсаж во 13 земји, како и на предизвиците и можностите со кои се соочува граѓанското општество во Европа“, рече Даниел Мило, експерт за спречување на дезинформации, од TechSoup. „Овие сознанија, овозможени од нашата мрежа на партнери низ Централна и Источна Европа, се клучни за ефективно спротивставување на дезинформациите и поддршка на граѓанските организации во нивната мисија да ги промовираат демократските вредности“.
Целосните извештаи се достапни на веб страницата Hive Mind, главната платформа за учење на Програмата за дигитален активизам на TechSoup.
Извештајот за Западен Балкан е достапен тука.






