Работејќи слично на Гугл њуз, TIME.MK автоматски прибира, анализира и групира вести од над 50 медиуми на интернет, овозможувајќи лесен пристап до информации за иста тема од повеќе извори одеденаш. Делот на албански јазик е пуштен во употреба од 19 август.
Според авторот на сервисот Игор Трајковски, решението за воведување на верзија на албански се заснова на потребата на дел од жителите на Македонија да им се овозможи пристап до информации на нивниот мајчин јазик. Истовремено, овој потег е и дел од стратегијата за регионално ширење на сервисот – со албанската верзија се опфатени и медиуми од Албанија и Косово.



