Тринаесет компании се јавиле на повикот за распределба на радиофреквенции за услуги во мобилната телефонија што под притисок на Владата го објави Агенцијата за електронски комуникации.
Од пријавените девет се меѓународни, а четири домашни компании. Законот предвидува распишување тендер за распределба на радиофреквенции доколку спектарот на радиофреквенции е претесен за сите пријавени кандидати.
Во агенцијата информираа дека ќе претстои уште еден повик со кој ќе се бара од заинтересираните компании да понудат мислење за висината на цената на одреден радиофреквенциски спектар. Потоа Владата ќе треба да се изјасни дали се согласува со понудите, по што ќе следува тендер за распределба на радиофреквенции.
Со оглед на тоа што за двата јавни повици временскиот период ќе биде од 30 до 60 дена, извесно е дека трет мобилен оператор во земјава нема да има до средината на 2007 година. Извори во агенцијата велат дека меѓу пријавените кандидати нема некој звучен телекомуникациски гигант. Сепак, во понатамошната постапка е можно да се пријават и нови кандидати.
Владимир Николоски
Извор: Време



