Регионалната Циско (CISCO) академија при Институтот за информатика организира “Cisco Academy Event”
Регионалната Циско (CISCO) академија при Институтот за информатика организира “Cisco Academy Event”. Настанот ќе се одржи на 18.01.2005 година (вторник) со почеток во 17:00 часот во амфитеатарот на Институтот за информатика, Природно-математички факултет– Скопје.
Агендата на настанот е следна:
17:00 Поздравни говори од претставник на Ректоратот на Универзитетот, Деканот на ПМФ и Шефот на Институтот за Информатика
17:05 Статус на регионални и локални академии, Валентина Миленковиќ, AA менаџер за Регионот Адријатик, “Cisco Systems”
17:30 Активности на Регионална академија – Институт за информатика,
Марјан Гушев, раководител на регионална академија
17:35 Активности на Локална академија – Алексадрија, Александар Марјановиќ, раководител на локална академија
17:40 Доделување на сертификати
17:50 Презентација на “CISCO” лабораторија
18:00 Коктел
Во договор со “Cisco Systems” од 2003 година, Институтот за информатика како регионална академија образува инструктори за локалните академии на територијата на Република Македонија. Универзитетите, колеџите, стручните училишта и други непрофитни образовни организации имаат можност да се вклучат во “Cisco Networking Academy Program” и да станат локална “Cisco” академија.