Од 16 до 18 февруари, 2012 година, во изненадувачки и прв опасен преседан во Франција, друштвената мрежа Твитер суспендираше четири сметки на корисници кои објавуваа изјави со исмејување на францускиот претседател Никола Саркози.
Само два месеци по претседателските избори и по создавањето на официјалниот профил на тековниот француски претседател на 15 февруари на оваа мрежа, очигледната цензура применета од Твитер на барање на тимот на Саркози (барем за еден од наводно лажните профили) и на партијата на Саркози (Унијата за народно движење) е крајно загрижувачка. Одговорите од компанијата во врска со причините се нејасни и ги прекршуваат конкретните општи услови на платформата, нејзините пракса во однос на такви профили, како и законите во сила во Франција за заштита на плуралноста на изразувањето на интернет.
Еден ден по создавањето на официјалниот профил на Саркози подготвен за претстојните претседателски избори, Твитер го цензурираше профилот @_nicolassarkozy, профил-пародија што постоеше од септември, 2010 г. Според Твитер, профилот ја прекршувал политиката на Твитер за спречување лажно претставување: „Добивме важечка информација дека вашиот профил @_NicolasSarkozy е дел од непародично лажно претставување. Иако Твитер цврсто верува во слободата на изразување, лажното претставување кое доведува во заблуда, збунува или измамува е против правилата на Твитер.
Сепак, според архивите, профилот ги почитувал во целост условите од договорот со платформата, како и барањето профил за пародија или карикирање да ја наведува природата на својата пародија во насловот. Исто така содржеше соопштение со кое се објаснуваше дека е профил-пародија. Твитер исто така може да знае дека одреден профил има пародичен или карикатурен карактер врз основа на неговата биографија и содржини.
Интернет без граници соопшти дека другите три суспендирани профили ја критикувале или исмејувале кампањата на Саркози, но не го правеле тоа прекршувајќи ги правилата на Твитер. „Овие профили не го користеа името на Никола Саркози, но ја критикуваа или исмеваа неговата кампања. За интернет без граници, ова е неприфатлива цензура со која се прекршуваат истите општи услови за користење на Твитер со кои на корисникот му се дава право на неговата содржина“, соопшти групата.
Покрај тоа, случајот со овие француски профили е единствен, бидејќи Твитер не презел такви мерки против слични профили за исмевање на други француски политичари.
Друга причина за загриженост е тоа што Твитер не вклучува во своите процедури не ја вклучува можноста корисникот на профилот да се брани од одлуката за суспендирање.
- Twitter Censors Accounts Unfavorable To Nicolas Sarkozy (19.02.2012)
- French Presidential Election: Twitter Justifies A Liberticidal Procedure (20.02.2012)
Извор: ЕДРИ-грам „Twitter censors unfavourable Sarkozy accounts“ бр. 10.4, 29 февруари, 2012.



