На крајот на 2009 година унгарскиот парламент одлучи да ги направи задолжителни отворените стандарди при комуникацијата меѓу државните институции, комуналните претпријатија и граѓаните, преку централниот владин систем.

Парламентот го измени и дополни Законот LX за електронски јавни услуги од 2009 година.  Измената и дополнувањето беше иницирано од страна на унгарската НВО Алијанса за отворени стандарди, со цел да се промовираат пазари без монопол и развојот на меѓусебно разменливи и интероперабилни производи, генерирани од отворените стандарди.

Применуваните стандарди треба да бидат јавно пристапни, бесплатни, ослободени од авторски надомест без ограничувања, и неутрални од конкурентска гледна точка, со што би се овозможила вистинска интероперабилност.

Алијансата за отворени стандарди има намера и понатаму да соработува со владата, и во таа смисла, Алијансата ќе иницира соработка меѓу владините претставници, комуналните претпријатија и организациите за заштита на потрошувачите.

Алијансата, исто така, има намера да ја промовира интероперабилноста, врз основа на јавно дефинирани отворени стандарди, за да стане норма во ЕУ за време на унгарското претседателство со ЕУ во 2011 и, за таа цел, ќе иницира јавна соработка меѓу сите граѓански и државни заинтересирани страни во рамките на ЕУ.

Mandatory Use of Open Standards In Hungary (18.12.2009)
http://yro.slashdot.org/story/09/12/18/2123215/Mandatory-Use-of-Open-S…

10 points on the mandatory use of open standards in Hungary (17.12.2009)
http://nyissz.hu/blog/10-points-on-the-mandatory-use-of-open-standards…

Source: EDRI-gram “Hungary introduces mandatory open standards for public institutions” бр. 8.1., 13 јануари, 2010.