Jalon е систем за управување со содржини за учење првобитно развиен од Универзитетот во Ница Софија-Антиполис во Франција и на располагање на Joinup од декември 2011 година. Истиот е базиран на системот за управување со содржини Plone, како алатка за е-учење од далечина и е објавен под лиценцата GNU-GPL.

Системот за е-учење во моментов се користи и се развива од страна на два универзитети, Универзитетот во Ница – Софија-Антиполис, како негов творец, и Универзитетот Версај – Сент Квентин ан Ивелин, кој се приклучи на Jalon како корисник и ко-развивач.

Jalon обезбедува околу петстотини онлајн-курсеви секоја година на Универзитетот во Ница, Софија-Антиполис. Универзитетот исто така ја има интегрирано својата платформа во Apogee, француски педагошки и административeн информациски систем. Им овозможува на професорите да ги администрираат задачите на студентите и информациите во рамки на Jalon.

Извор: Joinup “University of Nice publishes e-Learning system” 10 јануари, 2012.