По барање на Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствени права на маргинализираните заедници за утврдување на повреда  на правото на заштитата на личните податоци, кое се однесува на обработката на личните податоци во ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Центар за превенција и третман на злоупотреба на дроги и други психоактивни супстанции – Кисела Вода, овластените лица од Дирекцијата за заштита на личните податоци извршија инспекциски надзор во Центарот, при што составија записник и утврдија дека Дневната болница за зависности – Кисела Вода врши надзор надвор од просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен, односно камерите поставени во канцеларијата (каде се чува метадонот) и во чекалната (каде се прима на шалтер метадонската терапија од страна на пациентите) треба да се пренасочат кон пултот од шалтерот без можност да ги снимаат вработените и пациентите во здравствената установа.

Поставеноста на камерата во салата за дневен престој  е во согласност со член 9-б став 1 од Законот за заштита на личните податоци. Инспекторот за заштита на личните податоци донесе решение за отстранување на повредите утврдени со записникот.

Центарот за превенција и третман на злоупотреба на дроги и други психоактивни супстанции – Кисела Вода во соработка со Министерството за здравство, постапи по решението, односно направи корекции во однос на поставеноста на камерите.