Организацијата „Ushahidi“ која е непрофитна технолошка организација и се бави со споделување на информации и мапирање на корисниците ја прогласи новата мап алатка на невладината организација Реактор позната под името „Реагирај!“ за апликација на неделата.

За оние кои не се запознати, Реагирај! е онлајн алатка која можат да ја користат девојките и жените од Скопје за анонимно споделување на нивните искуства со било каква форма на родово насилство на кое биле жртви или сведоци, а кое се случило на јавните простори во градот. Покрај ова, платформата се користи како алатка за прибирање на инаку недостапни податоци за малтретирањето и насилството со кое се соочуваат жените, а кое се случува многу почесто отколку што се пријавува. Конечно, преку собирање на приказни, слики и видеа, Реагирај! ќе претставува социјална мрежа посветена на спречувањето на родовото малтретирање и насилство на јавните простори.

Честитки до Реактор!

Извор: Радио МОФ „Ushahidi ја прогласи Реагирај! за алатка на неделата“ 24 август, 2012.