Преглед на содржини
Ресетирај филтри
Архива
16.10.2014
Подобра ефективност преку клауд технологии
Овие курсеви нудат знаење за придобивките и ризиците, како и препораки за користење на клауд технологии и чекори за подобрување на вашите бази на податоци и како да ги намалите трошоците преку транзиција кон клауд компјутерски модел.
16.10.2014
Управување со е-отпад
Овој курс ви нуди знаење за поеколошка електроника преку преглед на условите за безбедно и ефективно управување со е-отпад. Тука спаѓаат детали за потребната инфраструктура, како и политички и регулаторни рамки кои се користат за решавање на сè поголемиот проблем со е-отпадот.
16.10.2014
Компјутерска писменост
Овој курс ви нуди знаење и можност да ги користите компјутерите и сродните технологии ефикасно, преку споделување на широк опсег на вештини покривајќи различни нивоа, почнувајќи од основните вештини за употреба се до програмирање и напредно решавање на проблеми.
16.10.2014
Онлајн безбедност
На овој курс ќе добиете совети и насоки за безбедно уживање во благодетите на интернетот, општи информации за интернетот како медиум, можностите што ги нуди, опасностите што со себе ги носи и начините како да се заштитиме од нив.
16.10.2014
Отворени податоци
Обуката за отворени податоци Ви овозможува да се запознаете со дефиницијата за отворени податоци и начинот како да препознаете и искористите отворените податоци.
16.10.2014
Принципи на отворена влада
Овој курс ви овозможува да научите за владејачката доктрина која се залага дека граѓаните имаат право на пристап до владини документи и процедури со цел ефикасен јавен надзор, како и да ви овозможи да дознаете повеќе за тоа како да пристапите до работата на владата.
16.10.2014
Промоција преку социјални медиуми
Курсевите за промоција преку социјални медиуми се фокусираат на креирањето на содржини кои привлекуваат внимание и го поттикнуваат читателот да ги сподели истите на своите социјални мрежи. Овие курсеви нудат детални инструкции за како: Да ја промовирате содржината на вашиот блог или на вашата одредишна страница преку социјални медиуми Зголемете ја посетеноста на вашата веб-локација […]
16.10.2014
Дигитални приказни
Курсот се однесува на куса форма на продукција на дигитални медиумски записи кои им овозможуваат на луѓето да споделуваат аспекти од своите животни приказни. „Медиумски записи“ може да подразбира дигитален еквивалент на филмски техники, анимација, фотографии, аудио записи или било која друга форма на медиумски запис кој не е физички (материјал кој постои само како […]
16.10.2014
Говор на омраза на Интернет
Целта на обуката е да се научи како да се препознава говорот на омраза онлајн во сите негови форми, вклучувајќи ги оние кои најмногу ги засегаат младите, како што се сајбер насилството и сајбер омразата. Обуката се фокусира на употребата на социјални медиуми за социјална интеракција и демократска вклученост.
09.10.2014
Онлајн новинарство
Со напредокот на електронските медиуми дојде до зголемување на побарувачката за одговорни новинари – професионалци со вештини и знаење да ги користат новите медиуми и да се емитува навремено информирање на јавноста. Со овој курс, учесниците ќе научат за правата и обврските на медиумските професионалци во една демократија.
09.10.2014
portalb.mk
09.10.2014
Фондација Отворено општество Македонија
Прикажи повеќе