На 16 септември 2011г., францускиот Уставен суд донесе одлука дека администраторите на веб-сајтови (уредниците на блогови или онлајн форуми) не треба автоматски да сносат кривична одговорност за коментарите што се објавуваат на нивните веб-сајтови.
Една дистрибуциска компанија покрена судска постапка против блог креиран од еден од нејзините овластеници при што матичната компанија беше критикувана од лицата што коментирале на тој блог.
Аргументите на судот беа дека уредникот на блогот претходно не бил запознаен со содржината на коментарите објавени на блогот. Исто така, коментаторот може да остане анонимен и тешко е да се открие. „Можноста да се идентификуваат авторите на пораки преку комуникациските податоци што се чуваат од страна на техничките оператори е премногу неизвесна за тоа да биде гаранција“, соопшти судот. Бидејќи веб-сајтот не може да го открие авторот на коментарот и затоа не може да ја префрли одговорноста, неприфатливо е да се казни уредникот на веб-сајтот за пораки за кои тој не бил свесен пред нивното објавување.
Судот, исто така, објасни дека законите за масовните медиуми, со кои е опфатена и пресумпцијата на одговорност за директорите на објавата, не би се применувале директно во оваа нова област.
Всушност, претходните измени на Законот за аудио-визуелни комуникации, содржеа став според кој: „директорот или ко-уредник на публикацијата не може да сноси кривична одговорност како главен сторител ако може да се утврди дека не знаел за пораката пред истата да биде објавена на интернет, или ако во моментот кога дознал за неа, тој дејствувал веднаш за да ја повлече пораката“.
Ова толкување на Уставниот суд се базира на истите принципи применети во февруари 2011 година од страна на Апелациониот суд кој го признал хостинг статусот на неколку веб 2.0 тврдејќи дека тие не биле одговорни за содржината објавена на интернет на нивната платформа, во случај да не биле соодветно информирани.
„Ваквото законодавство е навистина добредојдено во Франција” беше коментарот на Мерјем Марзуки од ИРИС – францускиот член на ЕДРи, „но сепак останува ризик дека законодавството во иднина ќе ја прошири кривичната одговорност кон сопствениците на блоговите за коментарите и другите содржини генерирани од трети страни на нивниот блог“.