На 15 декември Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Брз одговор на дезинформации за вакцините“  одржа вебинар за своите соработници-новинари и за партнерите и соработниците од медиумскиот и цивилниот сектор.  Темата на вебинарот беше посветена на теориите на заговори за Ковид-19 и за ставовите на граѓаните.

На настанот се дискутираа дефинициите за теории на заговор и низ практична работа и примери се детектираа таквите теории пласирани низ сите медиумски платформи.  Покрај тоа, обучувачот м-р Љупчо Петковски ги презентираше и ги образложуваше податоците од анкетата за граѓаните и нивните одговори и ставови за пандемијата од Ковид-19.

Во натамошната дебата, самите новинари ги споделуваа своите искуства при известувањата  за настани и теми поврзани со пандемијата, вакцинацијата и самиот вирус Ковид-19. Во дебатата и презентацијата особено внимание беше посветено на опасностите и можните стапици во кои новинарите можат да западнат при пласирање на дезинформации добиени од обичните граѓани, како и од претставниците на анти-ваксерското движење.