На 15 јануари 2010 година беше реализирана првата видео средба меѓу деца – ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес и ОУ „Ст. Јован“ Ливеро, Долна Нормандија – Франција.
Оваа средба е организирана на самиот почеток на имплементацијата на програмата за поддршка на децентрализацијата во Македонија од регинот Долна Нормандија – Франција. Видео средбата ја организираа Фондацијата ФОКУС од Велес и Јавниот дигитален клуб од Ливеро.
На оваа видео средба, учесниците разменија информации за градовите каде живеат, кои се нивните хобија, омилена храна, песна, игра и сл. Посебен интерес и воодушевување покажаа учениците од Ливеро кои со различните прашања дознаа за Македонија и Велес како нови средини каде исто така живеат деца од нивни возрасти.
Интересен момент беше воодушевувањето на изведбата на песни за деца на англиски јазик од двете групи.Учесниците од двете групи си разменија контакти и секако договорија и следни средби користејќи ја ИКТ технологијата.



