Владата не се откажува од намерата да формира министерство за информатичко општество
Владата не се откажува од намерата да формира министерство за информатичко општество. Доказ за тоа е последната владина седница, на која новиот кабинет на Груевски го разгледа и усвои Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Во Законот се предлага формирање министерство за информатичко општество, како централна имплементациона институција, со дефинирани функции и надлежности, врз основа на Националната стратегија за развој на информатичкото општество, кое ќе го поттикнува и координира процесот на развојот на Информатичкото општество. Доколку новата владина коалиција успее да обезбеди двотретинска поддршка во Собранието за промена на Законот за влада, новото министерство за информатичко општество ќе го раководи Иво Ивановски, актуелен директор за информатичка технологија во американска компанија.

Извор: Утрински весник (7.9.2006 г.)