Дезинформации и проверка на факти – повик за учество на обука, практиканство и студиска посета на САД

15.02.2023

Во фокусот

Фото: Мета.мк

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, го отвора вториот повик за учество на млади новинари во Програма за медиумска обука, „Дезинформации и проверка на факти“.

Преку оваа програма, најдобрите учесници ќе имаат можност за практиканство во медиумите на Метаморфозис: Мета, Порталб или Вистиномер, а двајца од нив ќе имаат можност да поминат еднонеделна студиска посета во САД.

Обучувач на втората обука „Дезинформации и проверка на факти“, меѓу останатите, ќе биде еминентниот новинар Џон Гринберг, дописник на PolitiFact.

Гринберг бил дел од тимот на PolitiFact за време на претседателските избори во 2012 година и еден од проверувачите на факти кои го основаа PunditFact во 2013 година – проект посветен на проверка на точноста на тврдењата на експерти, колумнисти, блогери, политички аналитичари, водители и гости на ток-шоуа. Гринберг два пати бил добитник на награди од Здружението на професионални новинари за истражувачко известување.

За учество на обуката можат да аплицираат сите млади луѓе на возраст до 29 години кои потекнуваат од Југозападниот и Пелагонискиот регион, преку пополнување на формуларот на следниот линк: https://icfj.tfaforms.net/4995004.

Обуката ќе се одржи од 22 до 24 март 2023 година во Струга, ќе се одвива на англиски јазик, а крајниот рок за аплицирање е 3 март 2023 година.

ICFJ и Фондацијата Метаморфозис го спроведуваат проектот во три фази во текот на 2023 година и тој вклучува четири тродневни работилници. Обуките се дел од програмата „Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука“ на Фондација Метаморфозис во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Дезинформации и проверка на факти – повик за учество на обука, практиканство и студиска посета на САД

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, го отвора вториот повик за учество на млади новинари во Програма за медиумска обука, „Дезинформации и проверка на факти“. Преку оваа програма, најдобрите учесници ќе имаат можност за практиканство во медиумите […]

mediumski-item-img-1.png

Муртезани: Жените да излезат од комфорната зона ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Важно е организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси за да им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии. Жените да излезат од нивната комфорна зона и […]

mediumski-item-img-1.png

Грижи во поглед на приватноста во ек на дигитализацијата на Западен Балкан

Дигитализацијата на јавните услуги е еден од приоритетите на земјите од Западен Балкан. Во периодот по КОВИД-19, станува уште поочигледно дека граѓаните, бизнисите и општеството треба да се дигитализираат за во целост да станат поотпорни и способни за справување со надворешни шокови и промени. Aлбанија е водечка земја во регионот кога станува збор за дигитализацијата […]

Verified by MonsterInsights