Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

14.11.2025

Во фокусот

Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност.

Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан.

Форумот се одржува во Париз на 29–30 октомври 2025 под темата „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“.

Неговиот Простор за решенија (Space for Solutions) обединува проекти со паметни решенија од целиот свет за да споделат методи, да создадат партнерства и да ги зголемат и подобрат резултатите. Изборот преку оваа конкурентна глобална покана го позиционира „Дезинфо радар“ рамо до рамо со иницијативи што поставуваат стандарди за интегритет на информациите.

„Дезинфо радар“ е систем за рано предупредување (pre-bunk) што предвидува чувствителни моменти што можат да поттикнат штетни наративи кои предизвикуваат етнички тензии и поларизација во општеството, а потоа ги споделува со медиумите, граѓанското општество, едукаторите и институциите преку применливи анализи и кратки говорни поенти, а со цел информирање на јавноста пред да се рашират содржините со манипулативни информации. Решението ја комбинира човечката експертиза со анализа и мониторинг потпомогнат од АИ, кој се темели на регионална база на наративи и актери објавувани во месечен бриф „Watch & Warn“.

Ова е важен чекор за Метаморфозис и за регионот. Повеќе од две децении, Фондацијата Метаморфозис ја унапредува демократијата, дигиталната резилиентност и интегритетот на медиумите преку проверка на факти, медиумска писменост, отворени податоци и транспарентност потпомогната од технологија.

Во ера на координирани операции со манипулативни информации и дезинформации, „Дезинфо радар“ го поместува фокусот од реактивно побивање кон проактивност предвидувајќи наративи и објаснувајќи го ризикот од истите. „Дезинфо радар“ ги опремува демократските актери на првата линија да дејствуваат навреме и ефективно. Форумот за мир во Париз има за цел да поддржи вакви видови на иновации насочени кон резултати.

Претставувањето на „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025 го потврдува регионалното влијание на Фондацијата и отвора нови можности за соработка со глобални партнери и менторство преку Програмата за зголемување на опсегот (SCUP).

„Дезинфо радар“ произлезе од работата на регионалниот проект Центар против дезинформации за Западен Балкан (Facebook, X.com) поддржан од Кралството Холандија.

Следете го проектот и месечните предупредувања на antidisinfo.net или официјалната програма на Paris Peace Forum #PPF2025 #antidisino #WesternBalkans #AI #DisinfoRadar.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Метаморфозис на Светскиот самит за Отворено владино партнерство 2025

Метаморфозис беше дел од Светскиот самит за Отворено владино партнерство, организиран од Владата на Шпанија од 7 до 9 октомври 2025 година во Виторија-Гастеис, Шпанија. Самитот обедини над 2000 реформатори, лидери и експерти од над 70 земји со една единствена цел: зајакнување на довербата, транспарентноста и демократијата во свет што брзо се менува. Самитот се […]

mediumski-item-img-1.png

Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во […]

mediumski-item-img-1.png

Покана за е-Општество.мк „Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација”

21-ВО ИЗДАНИЕ НА Е-ОПШТЕСТВО.МК 📅 Датум: 10 декември 2025 📍 Место: хотел „Холидеј ин“ (сала „Милениум 1“) 🚪 Влез: слободен 🗣️Јазици: македонски, албански и англиски Чест ни е да Ве поканиме на 21-вото издание на меѓународната конференција е-Општество.мк, која ќе се одржи на 10-ти декември 2025 година во хотел „Холидеј ин“ (Скопје). Оваа година, конференцијата […]