Можности за младите: Обука за визуелизации на податоци, платено практикантство и посета на САД

21.10.2024

Во фокусот

Роберт Гебелоф од Њујорк Тајмс на една од обуките во рамки на програмата „Новинарство за новата генерација“| Фото: Мета.мк

Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот центар за новинари трета година по ред ја продолжуваат програмата „Новинарство за новата генерација“ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје. И оваа година десетици млади од земјата имаат можност да учествуваат на обуки, да бидат дел од платено практикантство, а најдобрите ќе заминат на еднонеделна студиска посета на САД.

Годинава ќе се одржат три работилници, првата во ноември на тема Новинарство базирано на податоци, втората во февруари на тема Проверка на факти и третата во април на тема При-банкинг.

Најдобрите учесници во трите работилници ќе бидат поканети на едномесечно платено практикантство во еден од трите медиуми на Фондацијата Метаморфозис – Новинската агенција Мета, Порталб и Вистиномер. Најдобрите практиканти, пак, ќе имаат можност да го посетат главниот град на САД, Вашингтон каде ќе престојуваат една седмица во текот на летото.

Првата работилница на тема Новинарство базирано на податоци (Data Journalism) ќе се одржи од 13 до 15 ноември во Скопје и сите заинтересирани за учество кои се на возраст од 18 до 29 години можат да аплицираат на овој линк.

Обучувачи ќе бидат еминентниот новинар на „Њујорк тајмс“, Роберт Гебелоф, кој воедно предава дата новинарство на Факултетот за новинарство при Универзитетот Колумбија во Њујорк. Покрај Гебелоф, обучувач ќе биде и главниот уредник на Новинската агенција Мета, Горан Ризаов.

Учесниците на првата работилница ќе научат за целокупниот процес на работа со податоци, од пронаоѓање, симнување, чистење, анализа и визуелен приказ. Ќе научат како да користат напредни алатки за овие намени кои се бесплатни за користење. Меѓу другото, на работилницата ќе бидат прикажани основите на софтверот за визуелизации на податоци – R.

Бројот на учесници е ограничен, а сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да аплицираат на следниот линк. Работилницата ќе трае три дена и ќе се одржува целосно на англиски јазик.

Воедно, апликациите за останатите две работилници, таа за проверка на факти и за при-банкинг, се исто така отворени. Точните датуми и локации ќе бидат дополнително определени.

Работилница за Data Journalism (ноември 13-15, 2024 г.) – аплицирај тука;

Работилница за Fact Checking (февруари 2025 г.) – аплицирај тука;

Работилница за Pre-bunking (април 2025 г.) – аплицирај тука.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Измените во медиумското законодавство

Фото: Мета.мк (архива) Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што […]

mediumski-item-img-1.png

Повик за организации и медиуми: Обука за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ

Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и поддршка на неговата интеграција во единствениот дигитален пазар, Фондација Метаморфозис организира обука за граѓански организации и медиуми на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги […]

mediumski-item-img-1.png

Итно усогласување на регулаторната рамка на Балканот со Законот за дигитални услуги – клучно за борбата против дезинформациите

  Недостигот од правни и институционални механизми за заштита на дигиталниот простор на Балканот го прави регионот ранлив на манипулации, дезинформации и странски влијанија. Додека Европската Унија со Законот за дигитални услуги (ДСА) воспоставува јасни правила за поголема транспарентност и одговорност на онлајн платформите, земјите од регионот сè уште немаат слична регулаторна рамка. Kолективната борба […]