Отворен повик за избор на членови во Управниот комитет на Мрежата за ПОВ

12.03.2025

Во фокусот

МРЕЖАТА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПАРТНЕРСТВО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК
за изразување на интерес за повторно избирање на 5 (пет) членови од заинтересираните граѓански организации од Мрежата на ГО за ПОВ во Управниот комитет на Мрежата на ГО за ПОВ
Секоја членка на Мрежата може да номинира свој претставник во Управниот комитет.
Номинацијата на новите членови на Управниот комитет се прави по писмен пат, преку поднесување форма за номинација која служи да ја потврди подобноста на номинираниот кандидат.

  1. Критериуми за подобноста на номинираните кандидати се следните:
  2. Најмалку 5 години активен ангажман во една од областите на приоритетите;
  3. Професионален кредибилитет кој се докажува преку кратка професионална биографија;
  4. Специфични постигнувања во областите на делување на Мрежата и поконкретно областите на ПОВ. Истото се докажува со приложени трудови, анализи и сл.
  5. Изјава на лична мотивација и краток план со идеи на кој начин номинираниот кандидат може да придонесе преку кон ПОВ со ангажманот во Управниот комитет.

Со овој повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации членки на Мрежата на ГО на ПОВ да се пријават преку доставување на приложената пријава и потребните документи наведени во повикот со кои се докажува исполнувањето на критериумите.
Рокот за поднесување на пријавите е 31 март (понеделник) 2025 година.

Пријавувањето за членство во Управниот комитет на Мрежата на ГО за ПОВ се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи на следната електронска адреса: danche@metamorphosis.org.mk

Пријавата може да се преземе тука.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Отворен повик за избор на членови во Управниот комитет на Мрежата за ПОВ

МРЕЖАТА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПАРТНЕРСТВО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за повторно избирање на 5 (пет) членови од заинтересираните граѓански организации од Мрежата на ГО за ПОВ во Управниот комитет на Мрежата на ГО за ПОВ Секоја членка на Мрежата може да номинира свој претставник во Управниот комитет. Номинацијата […]

mediumski-item-img-1.png

Повик за организации – обуки за дигитална безбедност

Фондација Метаморфозис активно работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за сајбер безбедност во поддршката на нивните конституенти, особено ранливите групи, за да ја зголемат нивната отпорност на сајбер закани и да практикуваат редовна сајбер хигиена. Како дел од активностите за подобрување на познавањата од полето на сајбер безбедноста, а во рамките на проектот […]

mediumski-item-img-1.png

Пауер: Има неколку начини како да се спречи корупцијата во финансирањето на онлајн медиумите со државни пари

Експертот Сем Пауер откри дека државното финансирање на медиумите за време на предизборната кампања не е целосно пропорционално РСМ, има неколку начини како да се спречи корупцијата во финансирањето на онлајн медиумите со државни пари Британскиот експерт за финансирање избори и предавач на Универзитетот во Бристол, Сем Пауер, денеска на брифинг со новинарите во Скопје, […]