Порталб, Мета и Вистиномер ја потпишаа Повелбата за етичко известување за време на изборната кампања

25.09.2021

Во фокусот

Главниот уредник на Новинската агенција – Мета, Горан Ризаов, заедно со главната уредничка на порталот на албански јазик Порталб.мк, Елида Зулбеари како и уредникот на Вистиномер.мк, Владимир Петрески, ја потпишаа Повелбата за етичко известување за време на изборната кампања во 2021 година.

Домаќин на настанот беше Националниот демократски институт (НДИ). Претставниците на медиумите заокружија „Да“ за фер и демократско известување за време на локалните избори во октомври. Повелбата потпишана од медиумите вклучува неколку точки, и тоа:

Принципите на вистинитост и објективност

– Што подразбира потрага по вистината и коректно известување, преку пренесување на фактите на јасен и недвосмислен начин. Во случај на објавување погрешни информации, медиумот ќе стори сè за да ги коригира таквите информации.

Принципот на урамнотеженост

– Што подразбира претставување на различните ставови и гледишта во вистинскиот контекст и без заземање страна кон кој било кандидат, партија или коалиција.

Принципот на јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите

– Што подразбира дека информациите ќе се обликуваат на начин што на публиката ќе ѝ биде јасна разликата меѓу фактите и гледиштата и мислењата.

Принципите на чесност и независност

– Што подразбира дека медиумот ќе користи чесен пристап во добивањето информации и во нивното презентирање, избегнувајќи сензационалистички прикази на темите и настаните, како и погрешни претпоставки кои би можеле да ја доведат јавноста во заблуда.

Принципот на професионална солидарност

– Во својата работа медиумот ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да дејствува на начин што ќе значи пресметка со другите медиуми и колеги.

Принципот на уредувачка независност и професионален интегритет

– Медиумот се обврзува да известува на начин што ќе биде независен од какви било лични гледишта, надворешни интереси и влијанија што би можеле да ја поткопаат уредувачката независност и професионален интегритет.

Принципот на почит и толерантност

– Што подразбира почит на достоинството, угледот, правата и личниот интегритет на поединците во информирањето на јавноста. Медиумот во своето известување нема да се служи со стереотипи, предрасуди и дискриминација по ниту една основа и нема да се служи со говорот на омразата и потпалувачки говор.

Принципот на еднакви можности на жените и мажите

– Што подразбира дека медиумите ќе обезбедат еднакви можности за пристап кон медиумските услуги на сите кандидати. Медиумите понатаму ќе се водат од овој принцип и при покривањето на изборните активности на кандидатите.

Принципот на слобода и одговорност

– Што подразбира дека слободата им наметнува одговорност на медиумите за формата и содржината на пораките што ги упатуваат кон јавноста и последиците кои произлегуваат од нив врз поширокото општествено опкружување.

Потписниците на оваа Повелба се согласија да се придржуваат кон овие принципи и активно да се ангажираат во афирмација на етиката и професионалноста во известувањето.

Уредникот на Мета, Горан Ризаов, смета дека почитувањето на овие принципи е задолжително за сите медиуми во секое време без разлика дали е предизборна кампања или не.

„Но, се чини дека не е лошо медиумите од време на време сепак да се потсетат што значи тоа професионализам“, вели Ризаов.

Главната уредничка на Порталб.мк, Зилбеари вели дека Порталб.мк известува професионално не само за време на изборниот период, туку ова е принцип на работа.

„Порталб.мк со години се залага за етичко, професионално и правилно известување. Ова го правиме само кога ги следиме изборите, туку тоа е наш принцип на работа. Ова го должиме пред сé на нашите читатели, кои заслужуваат да бидат правилно информирани за настаните во земјата. Порталб.мк ќе продолжи строго да ги следи правилата и стандардите на професионалното новинарство и секогаш ќе бидеме на страната на правото, без оглед за што и за кого известуваме“, рече Зилбеари.

Домаќинот на овој настан, Роберт Скот Хислет – виш директор на НДИ, рече дека еден од важните елементи на оваа кампања е да се стави крај на насилството врз жените во политиката, со елиминирање на предрасудите, стереотипите, говорот на омраза и сексуалните закани.

„Минатата година НДИ спроведе истражување со 10 политички партии во РСМ и се покажа дека 2 од 3 жени политичари доживеале насилство, една од нив рече дека доживеала насилство од членови на иста партија, додека две од три не го пријавил инцидентот. 72% од овие случаи се случуваат локално “, рече Хислет.

Тој додаде дека ги повикува медиумите да се придружат со заокружување „Да, за фер и демократски избори“, бидејќи според него потпишувањето на ова е првиот чекор во оваа насока.

Локалните избори во РСМ ќе се одржат на 17 октомври годинава, а предизборната кампања ќе започне 20 дена пред датумот на избори.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на претставници од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 8 (осум) претставници од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план […]

mediumski-item-img-1.png

Оглас за вработување на раководител/ка на проект

Основни информации Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку својата програма „Медиуми за демократија“ препознава дека едно информирано општество е суштествено за обезбедување одговорност како на јавниот, така и на приватниот сектор. Активностите кои што „Метаморфозис“ ги реализира во рамките на оваа програма имаат цел да креираат средина во која слободните и професионални медиуми имаат […]

mediumski-item-img-1.png

Индекс на отвореност: Во тек е осмиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт

Мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален фонд за демократија преку проектот Using New Media to Promote Government Transparency, го започна осмиот бран на мерења на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот (Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и […]