Повик за доставување на понуди за спроведување истражување на тема импликации на Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија

30.10.2024

Во фокусот

Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во Единствениот дигитален пазар на ЕУ“ финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис објавува повик за доставување на понуди за спроведување истражување на тема импликации на Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија.

Предмет на набавката е спроведување истражување на тема импликации на Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија. Целта на истражувањето е да обезбеди анализа на потенцијалните влијанија од спроведувањето на Законот за дигитални услуги (DSA) на граѓанските организации и медиумите кои се занимаваат со истражувачко новинарство во Северна Македонија. Истражувањето треба да опфати анализа на легислативата предвидена со DSA, политичкиот контекст во Северна Македонија и актуелната позиција на граѓанските организации и истражувачкото новинарство во Северна Македонија.

Целосниот повик, заедно со сите детали, условите и начинот на пријавување, можете да го најдете во продолжение: ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Формуларот за финансиска понуда можете да го најдете на овој линк: Прилог 1 | финансиска понуда

Доколку имате било какво прашање околу повикот, Ве молиме обратете се на nadica@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 30.10.2024 година. Крајниот рок за доставување на понудите е 01.11.2024 година.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Повик за институции: Работна средба за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ

Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и поддршка на неговата интеграција во единствениот дигитален пазар, Фондација Метаморфозис организира работна средба за национални институции на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги на […]

mediumski-item-img-1.png

Измените во медиумското законодавство

Фото: Мета.мк (архива) Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што […]

mediumski-item-img-1.png

Повик за организации и медиуми: Обука за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ

Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и поддршка на неговата интеграција во единствениот дигитален пазар, Фондација Метаморфозис организира обука за граѓански организации и медиуми на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги […]