Повик за институции: Работна средба за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ

07.05.2025

Во фокусот

Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и поддршка на неговата интеграција во единствениот дигитален пазар, Фондација Метаморфозис организира работна средба за национални институции на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија“.

Датум: 22 мај 2025 година (четврток)

Време: 10:00 часот

Локација: Метаморфозис (ул. Франклин Рузвелт 19, кат 2 – во зградата на Сетек)

Мапа: https://maps.app.goo.gl/o43Q5Uqpjg1WU1P37

Работната средба ќе се фокусира на основите на Законот за дигитални услуги на ЕУ (Digital Services Act – DSA) и неговите главни принципи на транспарентност, одговорност и заштита на корисниците, како и неговото влијание врз слободата на изразување и дигиталните права. На работната средба ќе бидат презентирани и клучните наоди и препораките од истражувањето за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ врз граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија, како и предизвиците врзани со независноста на регулаторните тела, функционирањето на доверливите пријавувачи, алгоритамското модерирање и ризиците при усогласувањето на националното законодавство со европската регулатива.

Работната средба е наменета за претставници на релевантни национални институции од областа на дигиталната сфера, заштитата на дигиталните права, електронските комуникации, медиумската регулација, економија, сајбер безбедност, антидискриминација и сл.

 

Агендата за работната средба е достапна тука.

Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк.

Пријавувањето за работната средба е најдоцна до 16 мај 2025 година.

 

Проектот е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in Tech Kosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија).

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Повик за институции: Работна средба за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ

Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и поддршка на неговата интеграција во единствениот дигитален пазар, Фондација Метаморфозис организира работна средба за национални институции на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги на […]

mediumski-item-img-1.png

Измените во медиумското законодавство

Фото: Мета.мк (архива) Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што […]

mediumski-item-img-1.png

Повик за организации и медиуми: Обука за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ

Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и поддршка на неговата интеграција во единствениот дигитален пазар, Фондација Метаморфозис организира обука за граѓански организации и медиуми на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги […]