Придонес на Метаморфозис кон Нацрт-Законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор

01.01.2026

Во фокусот

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ (во натамошниот текст: Метаморфозис) го поздравува процесот на јавни консултации на Нацрт-Законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор.

Имено, Метаморфозис скоро две децении е силно посветена и ги поддржуваше институциите во Северна Македонија да развијат инфраструктура за да можат да собираат и објавуваат податоци во стандардизирани формати за да се овозможи слободна употреба и ре-употреба, водена од Стратегијата за отворени податоци. Покрај практичното обучување на институциите за објавување на нивните збирки на податоци и организацијата на хакатони за да се забрза побарувачката и користењето на податоците, Фондацијата Метаморфозис го поддржа усогласувањето на македонскиот закон со Директивата на ЕУ за отворени податоци и повторната употреба на информациите од јавниот сектор (2019/1024/ЕУ) за да се направат процесите на отворени податоци во земјата поамбициозни.

Со цел унапредување на квалитетот и одржливоста на политиката за отворени податоци доставивме предлози и заложби кои се дадени затоа што сметаме дека во Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците е потребно да се вградат дополнителни одредби кои ќе обезбедат и ќе го гарантираат континуираното и редовното објавување и ажурирање на податоците од страна на имателите, независно од политичките промени или индивидуалните иницијативи. Дополнително, сметаме дека неопходно е Владата да гарантира обезбедување на соодветни финансиски, технички и човечки ресурси за спроведување на оваа политика, како и воспоставување на јасен систем за мониторинг и евалуација кој ќе ја следи навременоста, квалитетот и употребливоста на објавените податоци.

Поднесените коментари се достапни тука.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Придонес на Метаморфозис кон Нацрт-Законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ (во натамошниот текст: Метаморфозис) го поздравува процесот на јавни консултации на Нацрт-Законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор. Имено, Метаморфозис скоро две децении е силно посветена и ги поддржуваше институциите во Северна Македонија да развијат инфраструктура за да можат да собираат и објавуваат податоци […]

mediumski-item-img-1.png

Метаморфозис на Светскиот самит за Отворено владино партнерство 2025

Метаморфозис беше дел од Светскиот самит за Отворено владино партнерство, организиран од Владата на Шпанија од 7 до 9 октомври 2025 година во Виторија-Гастеис, Шпанија. Самитот обедини над 2000 реформатори, лидери и експерти од над 70 земји со една единствена цел: зајакнување на довербата, транспарентноста и демократијата во свет што брзо се менува. Самитот се […]

mediumski-item-img-1.png

Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во […]