За новинарите од Фондацијата Метаморфозис, мора да престане игнорирањето на повиците на линч, велат од ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ

23.07.2021

Во фокусот

Фото: ЗНМ

ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ бараат итна реакција на МВР и на Јавното обвинителство по континуираните отворени повици за линч на новинарите и на другите вработени во Фондацијата Метаморфозис, што организирано ги шират групи и поединци на социјалните медиуми, а со тоа се нарушува и безбедноста на нашите колеги, се вели во заедничкото соопштение.

„Потсетуваме дека пријави до МВР од Фондацијата Метаморфозис се испратени во ноември и декември минатата година, кога реагираа и новинарските организации, барајќи проактивен пристап од МВР и Јавното обвинителство. Исто така, потсетуваме дека оттогаш не се преземени мерки со кои би се превенирале и санкционирале овие закани, туку напротив, тие продолжуваат, а политиката на неказнивост останува да биде присутна. Недозволиво е надлежните институции, МВР и Јавното обвинителство, со месеци да ја избегнуваат одговорноста соодветно да реагираат на отворените закани кон новинарите, чиишто лични податоци се откриваат на начин што ги изложуваат на опасноста да бидат мета на физички напади“, се вели во соопштението.

Воедно, од таму ги потсетуваат институциите дека ефикасноста во борбата со закани на социјалните медиуми не завршува со пронаоѓањето на заканувачите кон високите владини претставници, за што има пракса кога станува збор за носители на јавни функции.

„Од институциите очекуваме да немаат двојни стандарди кога се работи за новинари и медиумски работници, особено кога тие се изложени на говор на омраза и повици за нивен линч само поради вршењето на својата професија,“ се додава во соопштението.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Најава: јавна расправа за нацрт – Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023-2026)

Првата јавна расправа за нацрт – Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023 – 2026 г.) ќе се одржи на 11 септември 2023 година со почеток од 12:00 часот во хотел “Холидеј Ин” во Скопје. Стратегијата има за цел да ги поврзе и усогласи веќе донесените политики, кои на директен или индиректен […]

mediumski-item-img-1.png

„Метаморфозис“ на првиот Консултативен состанок на ЕУ за Дигиталната агенда „За каква промена станува збор?”

На 3 август 2023 година, на покана на Техничка помош за граѓанските организации (ЕУ ТАКСО 3) во Западен Балкан и Турција, „Метаморфозис“ имаше свое излагање на првиот Консултативен состанок за Дигиталната агенда насловен „За каква промена станува збор?“. Целта на овој онлајн состанок беше да се истражи влијанието на дигиталната транзиција врз граѓанските организации и […]

mediumski-item-img-1.png

Нацрт-Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија и нацрт-Акциски план достапни на ЕНЕР

Нацрт-текстот на Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија и нацрт-текстот на Акцискиот план се достапни за консултација со јавноста. На 1 август, 2023, на ЕНЕР (Единствен национален регистар на прописи на Република Северна Македонија) беа објавени нацрт-текстот за Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=64) и нацрт-текстот за Акцискиот […]