Заблуди за отворените податоци: искуства од Западен Балкан

23.04.2021

Во фокусот

Извор: www.pixabay.com

 

Отворените податоци како концепт се релативно нови, тие сè уште не го прославиле својот 30-ти роденден откако за првпат се спомена како термин во 1995 година од американска научна агенција. Сепак, тие се прославија низ целиот свет со голема брзина, како резултат на потребата за брз и лесен пристап до информации што треба да се користат за новинарство, истражување, образование, ИТ решенија, и друго. Од Политиката за отворени податоци на Обама во 2013 година, која беше единствена политика во тоа време со цел да се направат подостапни податоците од Федералната влада, до малите земји како што е Косово што ја спроведува Иницијативата за отворени податоци во 2016 година, отворените податоци постојано се интегрираат како алатка за подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста.

Ваквото стекнување на слава е придружено со многу заблуди и погрешни сфаќања кои го попречуваат побрзото ширење и интеграција на отворените податоци во јавните институции низ целиот свет, вклучително и на Западен Балкан. Поточно, отворените податоци се дефинираат како „… податоци што сите можат слободно да ги (ре)употребуваат и прераспределуваат – само предмет, најмногу, со услов да се припишат и споделат со наведување извор“. На институционално ниво, отворените податоци се поздравени но и предизвикуваат страв. Поздравени се во смисла дека заштедуваат време од комуникацијата со трети страни за обезбедување на одредени документи каде што таквите документи можат да бидат јавно објавени претходно и со тоа да бидат достапни за заинтересираните страни; но предизвикуваат страв во смисла дека може да претставуваат закана за приватноста и може да доведат до објавување на доверливи институционални документи.

Таквиот страв се претвори во заблуда за отворените податоци, со што се загрозува развојот на најдобрите практики за отворени податоци меѓу јавните институции. Заблудите за отворените податоци за кои ќе се зборува во овој напис се поддржани од искуството и научените лекции од партнерите на проектот ICEDA кои биле ангажирани во промоција, истражување, тесна соработка со јавни институции и спроведување на разни иницијативи за отворени податоци во Косово, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

 

Заблуда 1. Под отворени податоци се подразбира објавување PDF-документи со податоци за индикаторите за квалитет на воздухот за последните 3 месеци

Додека објавувањето на PDF документ (кој е лошо скениран и дозволува пребарување) сигурно обезбедува информации за одредено прашање, целта на отворените податоци не е само да се обезбедат податоци, туку да се обезбедат податоци во формат што може лесно да се пристапи и повторно да се користи. Во горенаведениот пример, јавноста ќе има пристап до податоците за индикаторите за квалитет на воздухот, но по која цена? Корисникот ќе треба да ги стави податоците во отворен формат за што е потребно време и напор. Имајќи го ова предвид, приеоритетот на јавните службеници треба да биде објавување на податоци во формати што ја олеснуваат работата на крајниот корисник.

 

Заблуда 2. Отворените податоци ја загрозуваат приватноста на граѓаните и доверливоста на владините информации

Отворените податоци не значат дека секој документ што јавната институција го произведува треба да биде достапен бидејќи некои документи содржат доверливи информации што не се наменети за јавноста. Секоја земја од Западен Балкан има закони во врска со слободата на информации и пристапот до јавни документи кои ја регулираат оваа сфера. Како такви, овие закони треба внимателно да се анализираат од надлежните службени лица, така што на граѓаните нема да им биде забранет пристап до податоци и информации достапни според закон.

Од друга страна, во врска со приватноста на граѓаните, отворените податоци ја штитат нивната приватност, што може да се илустрира со следниот пример. Невладина организација бара пристап до податоците од Министерството за образование во врска со бројот на ученици во одредена област и податоците за нивната возраст, место на живеење, пол и сл. Доколку Министерството има веќе објавен лист кој содржи такви податоци, придружуван од други податоци, како што се: имињата и презимињата, телефонските броеви, матичните броеви, на учениците, тогаш тоа би претставувало нарушување на приватноста. Но, податоците како што се бројот на студенти, придружени со нивната возраст, место на живеење и пол, не ја нарушуваат нивната приватност бидејќи не можеме да ги пронајдеме учениците само со овие податоци.

 

Заблуда 3. Единствената цел на отворените податоци е да се зголеми транспарентноста и достапноста до јавноста

Дефинитивно, една од целите на отворените податоци е да се зголеми транспарентноста и досапноста до јавноста. Сепак, таквите отворени податоци треба да се анализираат и да се користат за информирано донесување одлуки и истражување на различни нивоа. Со други зборови, објавувањето на податоците само по себе не е доволно; разбирањето и анализата на податоците, ја комплиментира мисијата на отворените податоци. На пример, податоците во врска со бројот на ученици кои посетувале средно училиште, а потоа и високо образование, што прикажува колку ученици се приклучуваат на одредена област, може да се користат како индикатор од соодветните јавни институции за тоа за кои области има поголем интерес од учениците и зошто е тоа така. Ова им овозможува на соодветните јавни институции да дизајнираат механизми што понатаму развиваат такви иницијативи.

Покрај тоа, отворените податоци можат да бидат придобивка и за приватниот сектор. Бизнисите на различни полиња можат да користат отворени податоци за дизајнирање и подобрување на своите производи или услуги. Како што е прикажано на Мапата за влијание на отворените податоци, деловните субјекти, поточно комерцијалните претпријатија и програмерската заедница, во Европа и Централна Азија користат отворени податоци. Сектори кои се лидери во употреба на отворени податоци во нивните процеси во овој регион се ИТ и геопросторни компании, деловни субјекти, секторите за истражувања и консултации и други.

Врз основа на ова, крајната цел на отворените податоци во врска со јавните институции не е објавување на оној PDF документ на владината веб-страница, туку да се поттикне култура на пристап базиран на податоци низ различни сфери на работа.

 

Справувањето со заблудите на отворените податоци може да има различни форми, без разлика дали тоа е градење на капацитети на јавни службеници, консултации со владите, развој на дигитални решенија што овозможуваат, меѓу другото, полесен пристап до отворените податоци. Секоја земја од Западен Балкан има иницијативи или механизми за отворени податоци кои ја поттикнуваат таквата култура.

Косово го прифати движењето на отворени податоци со развивање на Порталот за отворени податоци на владата уште во 2015 година, што го разви организацијата Отворени податоци Косово. Заедно со ова, Косово ја спроведе и Повелбата за отворени податоци во 2016 година, која ги интегрираше практиките на отворени податоци во јавните институции на Косово. Исто така, платформата за е-набавки е многу напредна и вклучува обемни податоци за јавните договори. Покрај ова, партнерот на проектот ИЦЕДА, Отворени податоци Косово разви бројни дигитални решенија за отворени податоци, како што се Отворени договори (со OCDS), Отворени бизниси и Идното работно место. Овие платформи користат отворени податоци од јавни институции за да расветлат различни теми како што се јавните набавки, деловниот и образовниот сектор. Покрај тоа, според важечкото законодавство, секоја јавна институција, покрај Службеникот за пристап до јавни документи, треба да има службено лице за отворени податоци. Покрај тоа, на локално ниво, Општина Приштина е посветена на отворање на податоци преку развој на платформа која содржи податоци за приходите, расходите, буџетот и други алатки за споредба.

Северна Македонија има развиено повеќе механизми кои ја поттикнуваат употреба на отворени податоци. За почеток, платформата Отворено финансирање им нуди на корисниците увид во податоците за секоја буџетска трансакција на сите корисници на државниот буџет, вклучувајќи ги и трансакциите на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) и нивните буџетски институции, кои се исплаќаат од касата на Министерството за финансии. Понатаму, Северна Македонија има и други платформи кои овозможуваат пристап до отворени податоци, како што се Отворени податоци, кои меѓу другото нудат и податоци за начинот на трошење на јавните пари; и Data Gov кој е екосистем со отворени податоци во кој се произведуваат, отвораат, збогатуваат и повторно се користат податоци. Исто така, Северна Македонија разви платформа COVID-19 која обезбедува статистички податоци за COVID-19 демонстрирани визуелно, што може да се преземат како csv поделени со голем број индикатори. Исто така, во 2020 и 2021 година, Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, спроведува активности што досега доведоа до објавување на вкупно 30 нови податочни сетови во отворен формат, како што се: податоци поврзани со буџетите на институциите, јавни набавки, структура на персоналот, податоци за ЕЛС и плански региони, податоци за наплата на даночни приходи, приходи од ДДВ и друго.

Србија, како резултат на дигиталната револуција што го опфати светот, како што е наведено во Канцеларијата за информатички технологии и веб-страницата на е-Влада, го креираше порталот Отворени податоци, кој содржи податоци категоризирани во следниве теми: јавна безбедност, енергија, образование, управување, здравје и животна средина. Покрај тоа, порталот исто така вклучува дел во кој е наведено што се тоа отворени податоци и придобивките што произлегуваат од нив. Исто така, прилагодувајќи се на пандемијата COVID-19, развиена е платформа што прикажува податоци за состојбата со COVID-19 во Србија, со цел да се обезбедат податоци во реално време за ситуацијата.

Црна Гора во рамките на Министерството за јавна администрација, дигитално општество и медиуми, го креираше порталот Отворени податоци што нуди податоци категоризирани во различни теми како што се: енергија и рударство, финансии, образование, земјоделство итн. Преку платформата, корисниците можат да преземаат податочни сетови од овие категории и да добијат упатства како да ја користат платформата, со што ќе придонесат за нејзината употребливост.

При посета на албанскиот портал Отворени податоци, pop-up порака го информира корисникот дека таква платформа постои како дел од посветеноста на Албанија кон Отвореното владино партнерство, која ги охрабрува земјите да развиваат механизми за да бидат поотворени и потранспарентни. Порталот нуди различни механизми за филтрирање на податоци засновани врз категории, институции и вид на податоци. Други платформи кои користат отворени податоци се: Отворени корпорации што отвораат податоци во врска со приватниот сектор во Албанија; Отворена набавка Албанија, која користи податоци од јавните набавки во Албанија; Отворено трошење Албанија што користи податоци за трошењето на владата, како и за информации за богатството и приходите на јавните службеници. На локално ниво, само Општина Тирана објави податоци во отворен формат кои може лесно да се анализираат.

Овие портали и иницијативи покажуваат дека земјите од проектот ИЦЕДА и дел од партнерите на ИЦЕДА работат на отворено и потранспарентно владеење. Искуството на партнерите во проектот покажува дека ваквите иницијативи се повеќе од добредојдени заради многуте придобивки што произлегуваат од отворените податоци. Како што е наведено од Светска банка, клучните придобивки од отворените податоци се следниве:

 

Транспарентност

Преку отворени податоци, владите можат да бидат потранспарентни бидејќи податоците се лесно достапни за заинтересираните страни, без потреба да се комуникаци помеѓу засегнатите страни. Новинари, истражувачи и други заинтересирани страни, лесно ги следат владините активности, со што се подобрува нивниот пристап базиран на податоци на дел од работата.

 

Подобрување на јавните услуги

Како што беше потенцирано во текот на овој напис, отворените податоци имаат потенцијал да бидат клучен влез во креирањето политики, информиран граѓански ангажман и многу повеќе. Со други зборови, граѓаните можат да користат отворени податоци за да разберат како работи нивната влада со анализа на податоците за нивните услуги и да учествуваат во процесите на донесување одлуки на информиран начин.

Покрај ова, прашање што го потенцираа партнерите на проектот ИЦЕДА, отворените податоци можат да послужат и како клучни информации за иновативни ИТ решенија, бидејќи сознанијата добиени од таквите податоци ќе послужат како клучно разбирање за тоа како се завршува еден процес, или како граѓаните користат одредена услуга.

 

Иновации и економски вредности

Како што веќе беше споменато погоре, деловните субјекти можат да користат отворени податоци за дизајнирање производи и услуги што се засноваат на податоци. Таквите пристапи базирани на податоци мора да бидат промовирани и охрабрени бидејќи е од клучно значење за бизнисите да дизајнираат решенија што одговараат на потребите на потрошувачите.

 

Ефикасност

Понатаму, отворените податоци можат да придонесат за подобра соработка меѓу институциите. Многупати институциите ги чуваат своите податоци или информации во печатени копии, далеку од лесен и брз пристап од страна на граѓаните, па дури и од јавните службеници кои работат во тие јавни институции. Така, преминот кон објавување на такви податоци на Интернет не само што ќе го олесни пристапот од страна на граѓаните, туку и од јавните службеници и другите институции. Со други зборови, јавен службеник не треба да поднесува барање за пристап до специфични информации и да чека со денови за одговор. Наместо тоа, тие би имале пристап до податоците преку заедничка платформа за интероперабилност и за неколку секунди ќе имаат пристап до потребните информации.

Извор: www.pixabay.com

 

Справувањето со заблудите за отворени податоци не е лесна задача, но сепак, тесно соработувајќи со јавните институции без разлика дали тоа е преку градење на капацитети или развој на дигитални решенија заради големите придобивки што произлегуваат од отворените податоци, можеме да го смениме односот однатре и да го пренесеме таквото знаење на граѓаните.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на претставници од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 8 (осум) претставници од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план […]

mediumski-item-img-1.png

Оглас за вработување на раководител/ка на проект

Основни информации Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку својата програма „Медиуми за демократија“ препознава дека едно информирано општество е суштествено за обезбедување одговорност како на јавниот, така и на приватниот сектор. Активностите кои што „Метаморфозис“ ги реализира во рамките на оваа програма имаат цел да креираат средина во која слободните и професионални медиуми имаат […]

mediumski-item-img-1.png

Индекс на отвореност: Во тек е осмиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт

Мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален фонд за демократија преку проектот Using New Media to Promote Government Transparency, го започна осмиот бран на мерења на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот (Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и […]