Пекинг, 2 јуни – Кинеските власти во последните три месеци затворија 16 илјади интернет-кафулиња и почнаа кампања против лажните реклами.

Кинеските власти во последните три месеци затворија 16 илјади интернет-кафулиња и почнаа кампања против лажните реклами.

Кон крајот на април е соопштено дека за помалку од три месеци се затворени 8.600 интернет-кафулиња.

Кинеските власти се загрижени поради фактот што младите луѓе се повеќе време поминуваат играјќи он-лајн игри и затоа забранија отворање интернет-кафулиња во близина на училиштата во земјата.

Во исто време се води и кампања против лажните реклами по пат на електронска пошта и пораки на мобилни телефони.

Во Кина често пати корисниците на мобилни телефони преку СМС порака добиваат понуда за стекнување лажна диплома или за купување шверцувани автомобили.