Водичот на проектот ЛИНК за одбирање на оперативен систем е замислен како прв чекор на овластените групи при одбирање на оперативен систем при набавување на нов или осовременување на постар компјутер…
Водичот на проектот ЛИНК за одбирање на оперативен систем е замислен како прв чекор на овластените групи при одбирање на оперативен систем при набавување на нов или осовременување на постар компјутер. Со дефинирањето на потребите и потоа со употреба на овој водич, групите ќе можат да определат кој оперативен систем е најдобар за нив. Вработените во организациите можат да го користат видичот за да дознаат што е најдобро за нивните компјутери, било да се тоа работни станици, лаптопи или сервери. ИРајдерите (eRiders) и останатите инженери за поддршка што работат во мали организации можат да го користат овој водич за да добијат детални информации за тоа како да инсталираат и конфигурираат оперативен систем кој би бил соодветен на потребите на компанијата. Исто така, водичот дава и анализа на севкупните инвестиции со цел организациите да добијат подобра претстава за тоа како оперативниот систем ќе влијае врз нивниот буџет со текот на времето, како и информација за времето што треба да го поминат во одржување на системот.
Учесниците во проектот ЛИНК ги тестираа и оценија следните оперативни системи: палетата на ГНУ/Линукс: Debian NP, Redhat, Mandrake, Slackware and Suse, потоа оперативните системи Panther и Jaguar за Мекинтош и верзиите на Мајкрософт Виндоуз: 98SE, 2000, 2003 и ХП.