Европската комисија ја организира втората конференција SpeakUp! на 20-ти јуни во Брисел, чијашто цел е да се утврдат предизвиците со кои се соочуваат медиумите во земјите од Западен Балкан и Турција.

Speak Up!2 е најголемиот настан од овој вид организиран во контекст на процесот на проширување и ќе собере околу 450 учесници од регионот и земјите-членки на ЕУ; новинари, медиумски аналитичари и политичари. Тие ќе разговараат за слободата на изразување во одделни земји и за можностите за нејзино зголемување и подобрување. Ќе го оценуваат и напредокот постигнат по одржувањето на првата конференција Speak Up! во 2011 година.

„Слободата на изразување и медиумите се дел од најзначајните вредности на Европската унија. Како клучни приоритети, тие се предмет на анализа уште на почетокот на процесот на пристапување и се составен дел од поглавјата кои се занимаваат со судството и фундаменталните права“, изјави Европскиот комесар за проширување и европска соседска политика Штефан Филе. Конференцијата „Speak Up! во 2011 година даде силен поттик за справување со ова прашање во текот на процесот на проширување. Заклучоците од првата Speak Up! конференција станаа важна референтна точка. Сега, две години подоцна, ќе го оценуваме постигнатиот напредок  и уште поважно, она што останува да се направи“.

Обезбедувањето на слободата на изразувањето и медиумите е еден од најважните предизвици за земјите заинтересирани за членство во ЕУ. Европската комисија ги следи и известува за случувањата во оваа област во годишните извештаи за напредок. Истовремено, Комисијата ги поддржува напорите на медиумската заедница и носителите на одлуки во регионот на Западен Балкан и Турција за справување со постојните недостатоци.

Конференцијата Speak Up!2 ќе ја отворат членот и поранешен претседател на Европскиот парламент, Јиржи Бузек, ирскиот министер Фергус Одауд, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ и Европскиот комесар Штефан Фуле.

Конференцијата ќе се емитува преку специјално наменета веб-локација. За повеќе информации (хаштаг на Твитер: #SpeakUp2) посетете ја веб-локацијата на конференцијата: http://www.speakup2conference.eu

Извор: Europe’s Information Society „Speak Up!2 conference on media freedom in the Western Balkans and Turkey“ 17 јуни, 2013.