Конференцијата со наслов „Глобалната наука и економијата на институциите за споделување на знаење“ ќе се одржи од 28 до 30 јуни, 2009 г., во Торино, Италија.

Конференцијата што ќе се одржи во контекст на проектот финансиран од ЕУ – КОМУНИЈА (Европската тематска мрежа за дигиталниот јавен домен) има за цел да собере на едно место раководни лица од повеќе меѓународни заедници за научно истражување, истражувачи на општествени науки, аналитичари на политиките за технологија и иновација, да дискутираат за основата, поддршката за политиката и практичната изводливост на плановите подготвени за поддршка на условите за истражување на јавниот домен по пат на соработка.

Предложени се иницијативи и политики кои не само што промовираат „отворен пристап“ до објавени наоди од истражувањето, туку имаат за цел да го олеснат поефективното и глобално споделување, не само на податоци и информации, туку и на простории, алатки и материјали за истражување.