Проект за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП)

19.03.2018

Проекти

Проектот е договор за грант на ИПА 2, Програма на Европската Унија за прекугранична соработка, алокации 2014-2015. Партнери во проектот се Метаморфозис – Фондација за Интернет и општество, Центар за развој на полошкиот плански регион и Советот на Округот Елбасан. Траење: 27 месеци.

Цели:

  • Промовирање на енергичен туристички меѓуграничен сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари
  • Зголемување на капацитетите на туристичките претпријатија и градење на стратешки партнерства и соработка во земјата, регионално и глобално
  • Проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до специфични нови пазари преку употреба на нови технологии
  • Забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места

Клучни елементи:

  • Подигната свест и разбирање за потребата од нов маркетинг пристап во туризмот
  • Размена на информации, соработка и развој на заеднички производи меѓу регионите
  • Експертска соработка меѓу приватните и јавните субјекти за развивање на политики што ги исполнуваат меѓународните стандарди за развој на туризмот
  • Градење на стратегија преку широки консултации и координација
  • Вмрежување и интернационализација на вредносните синџири
  • Градење врски меѓу туризмот и културата
  • Тренинг и менторска поддршка за зајакнување на капацитетот на МСП за ефикасно користење на технологијата
  • Поддршка на конкретни врвни проекти кои ќе се користат како најдобри примери за мотивирање и поттикнување меѓуграничен туризам

Очекувани резултати:

  • Зголемена туристичка побарувачка во регионот преку зголемена онлајн понуда
  • Зголемен капацитет на туристичкиот бизнис за користење на технологија
  • Создадена СТЕП мрежа на информирани и овластени туристички јавни и приватни субјекти, граѓански организации, туристички кластери и стопански комори
  • Создаден кредибилен СТЕП бренд кој обезбедува доверба, квалитет и интегритет за малите и средните претпријатија во прекуграничниот регион
  • Зголемен капацитет на туристичките бизниси и индивидуалните претприемачи за интернационализација, меѓународно поврзување и партнерство
  • Создадена Интер-регионална туристичка онлајн платформа (iTOP)
mediumski-item-img-1.png

Зајакнување на граѓанското општество преку дигитална трансформација

Цели на проектот: Зајакнување на компетенциите на вработените во Метаморфозис како едукатори и обучувачи на возрасни во врска со онлајн и иновативни алатки и пристапи за учење; Зајакнување на капацитетите на Фондација Метаморфозис

mediumski-item-img-1.png

Проект и обуки за дигитална безбедност

Целта на проектот беше да се оспособат претставниците на граѓанските организации и медиумите во полето на дигиталната безбедност и приватност. Тимот на Метаморфозис го процени нивото на знаење за дигиталната безбедност и приватност

mediumski-item-img-1.png

TechSoup Северна Македонија, Албанија, Косово

Фондацијата Метаморфозис ја спроведува програмата на TechSoup за донации на софтвер од 2014 година, поддржувајќи ги граѓанските организации во Северна Македонија, Косово и Албанија. Програмата нуди широк спектар на софтверски производи за непрофитни