Бардил Јашари

Бардил Јашари е директор на фондацијата Метаморфозис (Македонија). Неговите професионални интереси главно се во сферата на новите технологии, медиумите, граѓанскиот активизам, е-владата и учеството. Претходно има работено како координатор на Програмата за информации на Фондацијата Отворено општество - Македонија. На овие две позиции тој има раководено со проекти на национално и меѓународно ниво, во тесна соработка со други меѓународни организации, владини органи, бизнис и граѓанскиот сектор.

Тој е член на Националниот совет за информатичко општество на Македонија и е национален експерт за Македонија на наградата на светскиот самит на ОН. Во минатото тој членувал во работната група за националната стратегија за развој на информатичкото општество и служел како комесар во Агенцијата за електронски комуникации (26.04.2005  -  06.10.2010).

Бардил има магистрирано на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот Париз 12 (Франција). Дипл. инженер по информатика – насока информатички системи на Универзитетот во Загреб, Факултет за организација и информатика - Вараждин (Хрватска).

Филип Стојановски

Има дипломирано информатика на Универзитетот Грејсленд од САД и магистрирано е-бизнис менаџмент на Универзитетот Париз 1 - Пантеон Сорбона од Франција.

Од 1995 година е активен во македонското граѓанско општество преку волонтерски проекти за заштита на потрошувачите и за е-издаваштво, како и преку професионални ангажмани во својство на експерт за ИТ. Пишува на теми поврзани со информатичко општество за медиумите во Македонија.

Во рамките на Фондацијата Метаморфозис неговите задолженија опфаќаат координирање проекти, истражувања и анализи, како и односи со јавноста. Во 2005 година беше член на Работната група одговорна за Националната стратегија за развој на информатичко општество на РМ.

Марија Панчевска

Дипломиран економист на департманот финансиски менаџмент на Економскиот Фактултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.  Нејзините професионални интереси се во сферата на управувањето со финансиите и ревизијата. Нејзиното работното искуство е во областа на управувањето со јавните финансии, сметководството, мониторинг на ИПА проекти, како и во активности за имплементација на ИСО стандарди.

Во тимот на Фондација Метаморфозис се вклучува во јули 2017 година како грантов координатор, а потоа и финансиски менаџер од април 2018 година. Од јануари 2019 година ја извршува функцијата директор за финансии и администрација. Нејзините одоговорности во Фондацијата Метаморфозис вклучуваат финансиско предвидување, планирање, буџетирање и контрола.

Горан Ризаов

Проектен координатор во Фондацијата Метаморфозис, инаку професионален новинар со повеќегодишно искуство во печатените и електронски медиуми. Работи главно на проекти поврзани со добро владеење, отворени податоци, анализа и визуелизација на податоци.

Горан беше стипендист за професионална надградба во 2011/2012 година, кога на Факултетот за новинарство и масовни комуникации „Волтер Кронкајт“ во Феникс, САД студираше новинарство базирано на податоци и онлајн медиуми. Тој е дипломинар новинар на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 2015 година ја доби наградата за истражувачко новинарство „Никола Младенов“.

Мила Јосифовска Даниловска

Дипломиран професор по англиски јазик и книжевност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј– Скопје, со повеќегодишно  работно искуство во граѓанскиот сектор и особен допринос во полето на младинска работа и волонтерство. Во тимот на Фондацијата Метаморфозис се приклучува во мај 2019 и работи како проектен координатор на проектот ACTION SEE - Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа.

Претходното работно искуство се базира на работа со млади и европски проекти како дел од извршниот одбор на Здружение Центар за интеркултурен дијалог, и на градење на капацитети на млади и младински работници како обучувач на теми поврзани со неформално образование, младинската работа, волонтерство и социјална инклузија. Се појавува како уредник, автор и преведувач на повеќе публикации и прирачници.

Владимир Петрески

Уредник на македонскиот Сервис за проверка на факти од медиумите (www.proverkanafakti.mk).

Владимир е новинар и уредник со долгогодишно искуство. Бил дел од списанието Млад борец, Демократски форум, првиот дневен весник - Република, Македонскиот сервис за информации и врски, првата новинска агенција во Македонија која известуваше на англиски јазик (подоцна преименувана во МИЦ - Македонски информативен центар), .

Во последните 5 години, пред да стане уредник на Сервисот за проверка на факти од медиумите, тој бил бизнис уредник во дневниот весник Шпиц (2009-2011), а подоцна и на информативните портали Плусинфо (plusinfo.mk - 2011-2012), Либертас (libertas.mk - 2012) и НоваТВ (novatv.mk - 2013).

Елида Зулбеари

Новинарка и уредничка со долгогодишно искуство. Работи во Фондацијата Метаморфозис како проектен координатор на проекти поврзани со слобода на говорот и со зајакнување на медиумите во Македонија.

Има дипломирано Комуникациски науки и магистрирано Дипломатија на Универзитетот Југоисточна Европа во Скопје

Од 2012-та година таа е главен и одговорен уредник на информативниот портал на албански јазик www.Portalb.mk.

Од 2018-та година таа е главен уредник на албанската верзија на проектот Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк

Од 2012 до 2014 година, таа беше главен уредник на албанската верзија на проектот “Сервис за проверка на фактите од медиумите

Зулбеари беше членка на управниот одбор на Советот за Етика во Медиумите на Македонија од 2014 до 2018.

Таа е овластен тренер од TechSoup Europe во областа на дезинформациите и медиумската писменост.

Учествувала како панелист на разни национални и меѓународни конференции за прашања поврзани со слободата на говор и медиуми, медиумски вештини, дигитално и истражувачко новинарство, добро управување и транспарентност.

Анита Милановска

Има дипломирано деловна економија на универзитот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Најголемиот дел од нејзиното работно искуство е во областа администрација и финансии во меѓународни компании, како и во буџетски финансии во образование.

Во Метаморфозис е вработена од февруари 2014. Нејзините одговорности во Фондацијата  вклучуваат административни работи и евиденција на трошоци како и подготовка на финансиски извештаи за проектите.

Елена Стојанова

Дипломиран инженер при Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола.

Во тимот на Фондација Метаморфозис се вклучува во март 2018 год. како административно – финансиски асистент. Нејзините обврски вклучуваат активно учество во тековните проекти во Метаморфозис во делот на администрација и финансии. Исто така свој придонес дава во останати тековни административни работи поврзани со функционирањето на Фондацијата.

Претходното нејзино работно искуство  е во делот на осигурување (неживотно), прво како Агент за осигурување, а подоцна се вклучува во постапките за Јавни набавки (изработка и достава на финансиски понуди, учество на електронски аукции и сл.) преку ЕСЈН (Електронски систем за јавни набавки) во Осигурителна компанија во Македонија.”

Маријана Јанческа

Магистер по културологија со завршени повеќе специјалистички студии во областа менаџмент на комуникации. Нејзината кариера во граѓанскиот сектор опфаќа повеќегодишно искуство како координатор на грантови, проектен координатор и специјалист за мониторинг и евалуација. Се појавува како уредник, автор и преведувач на повеќе публикации.

Во тимот на Фондација Метаморфозис се приклучи во декември 2020 година и работи како специјалист за поттикнување на отвореност и учество на проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Деспина Ковачевска

Специјален едукатор и рехабилитатор со долгогодишно искуство во образованието на деца со посебни потреби и обучувач за вклучување на студентите со попреченост во Еразмус програмата. Нејзината кариера ја започува како грантист на ЛГБТ центарот и Хелсиншкиот комитет и работи на развивањето на капацитетите на маргинализираните заедници. Подоцна станува дел од проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) каде се стекнува со знаењата за мониторинг на владината програма.

Во рамките на Фондацијата Метаморфозис е ангажирана како медиа мониторинг специјалист.

Валон Абдиу

Дипломиран инженер по информатика, на Факултетот за Природно-Математички науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Има долгогодишно искуство (од 1999 година) во работа со меѓународни организации во Македонија, вклучувајќи ја и Мисијата на ОБСЕ во земјата, во позиции на проектен координатор, виш административен асистент и преведувач.

Во периодот 2009-2011, работеше како асистент на отсекот по информатика, при ПМФ на Универзитетот во Тетово. Истовремено беше и координатор на Еразмус програмата за размена на студенти во овој Универзитет.

Со Метаморфозис соработува од 2009, а од 2011 е редовно ангажиран како преведувач на содржините кои се објавуваат на сајтовите на соодветните проекти. Од август 2017 е координатор на проектот ”Techsoup” за регионот на Македонија, Албанија и Косово. Исто така, го координира проектот “Meet and Code” во рамките на европската недела за програмирање (EU Codeweek).

Оливера Војновска

Политички новинар со речиси  30 години работно искуство.  Новинарската кариера ја почна во дневниот весник  „Нова Македонија“, каде работи во периодот од  1993 до 1999 година,  а потоа од 1999  до  2011 година продоллжува во „Утрински весник“.

Последните неколку години е  ангажирана на проекти поврзани со професионалните и етички стандарди во новинарството, како и на проекти за отчетност и добро владење. Од 2013 до 2015 година е рецензент во „Сервисот за проверка на факти од медиумите“, а од декември 2015 година е уредник во „Вистиномер“.

Има завршено Градежен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Теофил Блажевски

Работи како уредник и новинар во Фондацијата Метаморфозис, на медиумските проекти Сервис за проверка на факти во медиумите и на Вистиномер од 2015 година.

Блажевски е дипломиран новинар, кој своето формално образование го  има надоградено со бројни обуки во Македонија и во странство.

Има 33-годишно работно искуство во новинарството, од кои над 27 професионално и  тоа како репортер, уредник и главен уредник (9 години), во повеќе печатени и електронски медиуми, вклучувајќи ги и новите медиуми.

Блажевски е член и на ЖК на Советот за етика во медиумите во Македонија од од 2014 година, потпретседател на ССНМ, како и член на Управниот одбор во Транспаренси  интернешнл – Македонија.

Идлир Лума

Во 2019 година дипломира на Правен факултет на Државниот Универзитет во Тетово, а потоа во 2022 завршува магистерски студии по кривично право на истиот факултет. Во рамките на Фондацијата Метаморфозис е ангажиран како програмски асистент на повеќе проекти кои се во склоп на програмите Општествена одговорност и Човекови права на интернет.

 

Мери Јордановска

Професионален новинар со речиси дваесетгодишно искуство во медиумите, како истражувач, репортер и аналитичар. Добитник е на бројни награди за истражувачко новинарство, дипломирала на отсекот новинарство на Правниот факултет при УКИМ, а своето искуство го надоградува како учесник и предавач на голем број меѓународни конференции и обуки, а била и дел од меѓународни проекти за истражувачко новинарство.

Јордановска е заменик-главен уредник на Новинската агенција Мета.мк. Нејзини главни теми на интерес се владеењето на правото, сузбивањето на организираниот криминал и корупцијата, независноста на медиумите и човековите слободи и права.

Јордановска е член на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија и претседател на Надзорниот одбор во Здружението на новинари на Македонија.

Сашо Спасоски

Во „Метаморфозис“ е од март 2016 година, кога почнува да работи како новинар во „Вистиномер“, а во јануари 2017 година станува и новинар во новинската агенција „Мета“.

Речиси непрекинатата новинарска кариера ја почнува во јуни 1996 година во весникот „Дневник“, каде е преведувач и новинар, а потоа и уредник. Следниот ангажман му е во весникот „Време“, каде е новинар и уредник, по што станува дел од уредничкиот тим што го формира весникот „Шпиц“, каде малку подоцна е назначен првин за помошник, а потоа и за заменик на главниот и одговорен уредник. По згаснувањето на „Шпиц“, кариерата ја продолжува во новинскиот сајт „Плусинфо“.

Антонија Поповска

Професионална новинарка со повеќе од шестнаесетгодишно работно искуство во професијата. Дипломирала на отсекот новинарство на Правен факултет „Јустинијан Први“, а своето професионално искуство го стекнала во повеќе редакции како новинарка и уредничка.

Добитничка е на награди и признанија за објавени новинарски текстови и стории, како и учесничка во интернационални проекти за истражувачко новинарство. Авторка е на многу успешни проекти од областа на образованието, меѓу кои прилози, прирачници и водичи наменети за ученици и за студенти.

Во новинската агенција „Мета.мк“, која е дел од фондацијата „Метаморфозис“, работи како новинарка повеќе од четири години. Ресори кои ги покрива се образование, здравство и социјала.

Својата професионална кариера ја започнува во дневниот весник „Време“ во 2006 година, па ја продолжува во дневниот весник „Нова Македонија“. Во последните години работела како фриленсер на повеќе проекти, а била соработничка и на неколку онлајн медиуми.

 

Суад Бајрами

Дипломиран професор по албански јазик и книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методи – Скопје.
Работи во Фондацијата Метаморфозис како новинар во медиумските проекти. Од 2015-та година, ангажиран како новинар работи во Порталб.мк.