Компанијата Моторола (Motorola) објави дека директорот Мајк Зафировски одлучил да поднесе оставка на позицијата претседател и генерален оперативен директор на крајот од овој месец

        Компанијата Моторола (Motorola) објави дека директорот Мајк Зафировски одлучил да поднесе оставка на позицијата претседател и генерален оперативен директор на крајот од овој месец.

        Се очекуваше дека Зафировски, Македонец по потекло, ќе ја напушти компанијата откако беше прескокнат при изборот на генерален директор во декември 2003г. кога генералниот директор Кристофер Галвин беше заменет со Ед Зандер, поранешен претседател на Сан Мајкросистемс (Sun Microsystems).

        Компанијата изјави дека тој ќе остане во својство на советник за време на транзицијата на раководната структура, нагласувајќи дека си заминува во добри односи.

        Портпаролот на Моторола изјави дека Зафировски нема да биде заменет. Наместо тоа, четирите претседатели на групи ќе одговараат директно пред Зандер.