Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес

Фондацијата Метаморфозис е вклучена во проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“, на Националниот демократски институт (НДИ), а со цел да застапува за донесување на закон за справување со електронски и електричен отпад.

Како прва активност од овој проект беше брифинг за проблемот со е-отпадот за пратениците од комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија. Во рамките на проектот се организираа и јавни дебати за нацрт Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во план е создавање на документарец за ситуацијата, опасностите и начинот на третирање на е-отпадот, со цел да се подигне свеста на јавноста за ова прашање.

Овие активности се во согласност и со тековниот проект на Метаморфозис на оваа тема: „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Зајакнување

на

граѓанското

учество

во

законодавниот

процес