Приврзаниците на системот на делење на датотеки извојуваа значајна победа во американскиот суд…
Приврзаниците на системот на делење на датотеки извојуваа значајна победа во американскиот суд. Судиите на Федералниот апелационен суд одлучија дека креаторите на пиер-то-пиер (peer-to-peer) софтверот не се одговорни за тоа што прават корисниците со нивните мрежи. Судиите сметаат дека структурата на мрежите е таква што не им дозволува на креаторите да имаат контрола над корисниците.
Одлуката претставува удар за американската филмска и музичка индустрија кои бараа отштета за повреда на авторските права од компаниите за делење на датотеки.
Оваа одлука значи дека музичките компаниите и филмаџиите наместо да ги тужат креаторите и операторите на мрежите за делење на датотеки за повреда на авторските права, ќе мора да одат по покомплицираната варијанта, односно наоѓање и покренување судска постапка против индивидуални разменувачи на датотеки.
Музичката индустрија во САД веќе има поднесено тужби против повеќе од 3.400 луѓе, а од нив 600 случаи се завршени со спогодба за околу 3.000 фунти.