Европската комисија објави дека новиот интернет домен „.еу“ ќе започне да функционира на крајот од 2005 година

        Европската комисија објави дека новиот интернет домен „.еу“ ќе започне да функционира на крајот од 2005 година.

        Беа потребни шест години за идејата „.еу“ да стане стварност. Законскиот договор беше потпишан на 21 март 2005 година помеѓу Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (Corporation for Assigned Names and Numbers) и .еу Регистарот (.eu Registry).

        Комисијата додаде дека новиот домен ќе биде особено корисен за компаниите кои работат на единствениот европски пазар затоа што ќе им даде пан-европски идентитет на интернет.

        На почетокот, во период од четири месеци регистрирањето ќе биде ограничено на јавни комапнии и сопственици на брендови за да се избегне ризикот сајбер-измамниците да земат имиња кои законски не им припаѓаат.

        Комисијата предупреди дека секоја понуда за предвремена регистрација треба да биде внимателно разгледана затоа што може да постои некаква измама.

        Покрај новиот интернет простор, властите во Брисел се надеваат дека новото име на домен ќе помогне во промоцијата на Европската Унија на електронските медиуми.