Гугл потврди дека аукцијата на неговите акции ќе започне во петок, а тоа ќе резултира со долгоочекуваната флотација на компанијата..
Гугл потврди дека аукцијата на неговите акции ќе започне во петок, а тоа ќе резултира со долгоочекуваната флотација на компанијата.

Најпопуларниот пребарувач ќе им понуди на инвеститорите околу 25 милиони свои акции на берза. Аналитичарите предвидуваат дека цената на акциите би се движела меѓу 108 и 135 долари за акција, проценувајќи ја компанијата на околу 36 милијарди долари. Гугл користи комплициран процес на аукција за продажба на акциите со цел да им даде можност на сите заинтересирани да учествуваат во купувањето.

Инвеститорите ќе мораат да прецизираат колку акции сакаат да купат и по која цена. Пријавувањето за аукцијата заврши во четвртокот.