Властите во Гродно го затворија популарниот интернет форум forum.grodno.by, којшто беше хостиран на сервер во сопственост на локалната филијала на Белтеком

        Властите во Гродно го затворија популарниот интернет форум forum.grodno.by, којшто беше хостиран на сервер во сопственост на локалната филијала на Белтеком (Beltecom). Алексеј Радс, вработениот во Белтеком задолжен за администрирање на форумот, е отпуштен од работа.

        Властите во Гродно ги презеле овие екстремни мерки поради тоа што посетителите на форумот го критикувале белорускиот претседател и неговата политика како и парламентарните кандидати за педесет и вториот регион Гродно.

        Форумот имал 2000 постојани посетители кои прегледувале по 12 000 страници дневно.

        Алексеј Радс има намера да го активира форумот на некој друг сервер.